Македонија
Нови 642 заразени со коронавирус во Македонија, починаа 25 лица
Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 321, Прилеп и Велес – по 40, Куманово – 27, Гостивар – 23, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово и Неготино – по 17, Штип – 15, Битола и Струмица – по 13, Берово – 12, Делчево – 9, Гевгелија – 7, Ресен и Богданци – по 6, Струга и Кочани – по 5, Дебар, Виница и Крушево – по 4, Кичево и Свети Николе – по 3, Македонски Брод – 2, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Скопје – 347, Прилеп – 42, Куманово – 21, Битола – 16, Тетово – 13, Велес и Гевгелија – по 12, Кочани – 10, Гостивар – 9, Берово – 8, Струмица – 6, Валандово – 5, Крушево – 4 , Свети Николе, Кратово, Пробиштип и Пехчево – по 3, Кичево – 2, Кавадарци, Охрид, Крива Паланка, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 61 – 91 година и тоа: 5 пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Направени се 2.730 тестови преку: ИЈЗ-668, ЦЈЗ Скопје-95, ЦЈЗ Битола-79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-4, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Авицена-357, Биотек-333, Систина-324, лабораторија Лаор–410, Синлаб-32, Ремедика-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 287.
Досега во земјата се направени вкупно 590.276 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 119.378, бројката на оздравени пациенти е 100.774, на починати е 3.473, а бројот на активни случаи изнесува 15.131.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 53172, активни 7705
Прилеп 6497, активни 949
Куманово 6241, активни 544
Тетово 5988, активни 446
Гостивар 4246, активни 388
Кавадарци 4093, активни 645
Штип 3971, активни 285
Велес 4020, активни 479
Битола 3947, активни 449
Охрид 3782, активни 571
Струмица 3034, активни 263
Струга 2564, активни 166
Кочани 2088, активни 203
Кичево 1879, активни 91
Неготино 1767, активни 448
Гевгелија 1599, активни 327
Свети Николе 1185, активни 62
Крива Паланка 1011, активни 139
Ресен 933, активни 128
Дебар 818, активни 24
Радовиш 830, активни 81
Делчево 803, активни 75
Берово 761, активни 89
Пробиштип 627, активни 65
Виница 560, активни 36
Валандово 461, активни 79
Крушево 407, активни 128
Богданци 373, активни 78
Кратово 309, активни 21
Демир Хисар 312, активни 44
Демир Капија 322, активни 79
Македонски Брод 272, активни 20
Пехчево 205, активни 12
Македонска Каменица 195, активни 3
Дојран 106, активни 9
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

