Македонија
Нови 897 случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.828 теста, а регистрирани се нови 897 случаи на Ковид-19: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево – по 2, Богданци – 1.
Од вкупниот број позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.
Регистрирани сe 638 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 296,Охрид – 63, Битола – 45, Кавадарци – 34, Велес и Тетово – по 25, Струга – 21, Струмица – 19, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 13, Неготино – 12, Кичево – 10, Гевгелија – 7, Радовиш – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 4, Куманово и Делчево – по 2, Дебар, Валандово, Кратово, Виница и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Скопје (80 и 83). Двете лица се починати во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“ не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.828 теста преку: ИЈЗ-266, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-25, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-44, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–167, Жан Митрев (Филип Втори)-19, Авицена-59, Биотек-52, Систина-46, лабораторија Лаор-15, Синлаб-16, Ремедика-7, Плодност-14, Генеа-10, Никоб лаб-91, ВФВ медикал-11, Ели медика плус-18, Ројал медика–5, Спектра-ММ-11, Рапид лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–3, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 779.
Досега во земјата се направени вкупно 2.112.539 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 325.279, бројот на оздравени пациенти е 311.015, на починати е 9.363, а бројот на активни случаи изнесува 4.901
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 153.846, Активни 2.217
Куманово 17.326, Активни 258
Битола 16.626, Активни 384
Прилеп 14.711, Активни 237
Тетово 13.892, Активни 162
Кавадарци 11.250, Активни 222
Велес 10.240, Активни 161
Гостивар 9.830, Активни 84
Охрид 9.465, Активни 222
Струмица 8.376, Активни 132
Штип 8.335, Активни 92
Кичево 5.821, Активни 72
Кочани 5.246, Активни 49
Струга 4.895, Активни 93
Гевгелија 4.545, Активни 57
Неготино 3.863, Активни 85
Ресен 2.867, Активни 74
Свети Николе 2.692, Активни 19
Радовиш 2.612, Активни 46
Крива Паланка 2.511, Активни 48
Делчево 2.014, Активни 3
Берово 1.725, Активни 18
Дебар 1.724, Активни 35
Валандово 1.533, Активни 20
Виница 1.406, Активни 4
Пробиштип 1.295, Активни 10
Богданци 1.042, Активни 5
Кратово 1.016, Активни 23
Крушево 959, Активни 20
Демир Хисар 875, Активни 26
Македонски Брод 764, Активни 15
Демир Капија 599, Активни 0
Македонска Каменица 528, Активни 3
Пехчево 490, Активни 3
Дојран 360, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пецаков: Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка

„Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија. Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки“ напиша на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Тој смета дека „Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“.
„Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер“ напиша Пецаков.
Македонија
Ковачевски: Нова водоводна мрежа за Аџиевци, проект вреден близу 400.000 евра

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја продолжува посетата на реканскиот крај во општина Маврово и Ростуше, со средба со жителите од населеното место, Аџиевци.
Аџиевци, после подолг период конечно добива нова водоводна мрежа, проект вреден блиску 400 000 евра, што е втора најголема инвестиција во Маврово и Ростуше, информираат од партијата.
„Изграден е нов локален пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци во вредност од над три милиони денари. Со ова значително се олесни комуникацијата меѓу овие две населени места. Аџиевци е пример дека во тесна соработка помеѓу општината и жителите, може да се создаде поубаво и побезбедно место за живеење. Со материјали обезбедени од општината и работна акција на месното население, во Аџиевци е изграден потпорен ѕид на локалната улица, со што се обезбеди поголема сигурност при движењето на жителите“ велат од СДСМ.
“Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, планирана е изградба на обиколен пат, уредување на спортски терен, реконструкција на училишната зграда и чистење и уредување на диви депонии. Нема посилен аргумент од исполнителноста на Медат Куртовски. Медат докажа дека работи за секое едно населено место во Маврово и Ростуше, дека не ги дели граѓаните на ваши и наши, и токму затоа на 20 август ќе ја добие поддршката од жителите на Аџиевци и цело Маврово и Ростуше” – порача Ковачевски.
Македонија
Поради топлотниот бран препораки за ослободување од работа за одредена група граѓани

Поради топлотниот бран препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и лицата на возраст над 60 години, децата во градинките да немаат физички активности од 11:00 до 17:00 часот, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот
Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржа 70-та седница на која, беа донесени препораките за намалување на ризиците од високи температури, во времетраење од два дена,18-19.8.2022 година (четврток и петок).
На укажување од Министерот за здравство, дека според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи во следните два дена, територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури – портокалова фаза, Владата ги донесе следните препораки:
1. Ослободување од работните обврски на најранливите групи на население, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
2. Во установите за згрижување на децата, (градинките) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.
3. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран возраст, да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
4. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
5. Со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците потребно е соодветно организирање на работното време со избегнување престој на отворено од 11:00 до 17:00 часот.
Согласно овие препораки, Владата донесе заклучоци:
Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките,
Се препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците и избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот,
Оваа мерка да биде со времетраење од два дена, до натамошно одлучување,
Работното време во градинките да се организира во периодот од 7:00 до 17:00 часот, при што да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.
Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.