Македонија
Новоназначениот обвинител за следење на предметите во ОЈО Скопје поврзани со безбедност на новинарите на регионална конференција во Белград
На регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“, што се одржува денеска во Белград, во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, учествува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Дејан Петрески.
Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи предметите поврзани со безбедноста на новинарите во скопското обвинителство зборуваше на панел-сесијата за предизвиците со кои се соочуваат истражните органи при истражувањето на кривичните дела против новинари.

Притоа, тој го презентираше искуството на јавното обвинителство со назначување на посебни јавни обвинители кои го следат постапувањето во ваквите предмети во обвинителствата во Скопје, Битола, Штип и Тетово, што веќе резултира со олеснето регистрирање и поголема ефикасност на кривичниот прогон за напади врз новинари. Исто така, беа споменати и измените во Кривичниот законик со кои нападот врз новинари доби третман на напад врз службено лице, како и предизвиците со кои се соочуваат обвинителите при обезбедувањето докази за вакви кривични дела.
Од вкупно седум предмети во кои како оштетени лица се јавуваат новинари или медиумски работници евидентирани во земјава во 2023 година, во четири предмети веќе е целосно спроведена постапка и изречена пресуда против сторителите на кривичните дела. Останатите три предмети се во фаза на проверка на наводите и прибирање на податоци за идентификација на сторители. Од почетокот на годинава евидентиран е еден предмет во ОЈО Тетово во кој веќе се постапува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

