Македонија
„Нов здравствен дом во Илинден, континуираната соработка помеѓу општините и централната власт е модел за функционална држава“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во модернизација на здравствените установи низ државата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестира средства од централниот буџет за капитални инфраструктурни објекти во општините. Целта е општините да станат вистински сервис за граѓаните кои ќе испорачуваат навремени услуги“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерни, транспарентни и финансиски стабилни општини. Во таа насока реализирани се 94 проекти на Владата со локалната самоуправа.
По половина век општина Илинден доби нова здравствена установа, амбуланта во населено место Илинден која е во рамки на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје. Преку соработка на Владата и локалните самоуправа се реализира проект кој е долго ветуван и неопходен за граѓаните на општината и околните населени места.
Со вкупна површина од над 600 квадратни метри, објектот е изграден на две нивоа според највисоките современи стандарди. Има можности како за примарни здравствени услуги така и за специјалистички. Во оваа амбуланта вложени се 16 милиони денари но заедно со придружната инфраструктура вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари.
Преку овој проект граѓаните ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.
Дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период се: целосно реновиран одделот за ургентна инфектологија, и интензивната нега во Инфективната клиника.
Во Општата болница во Гостивар се реновираа неколку одделенија, како и во Клиничката болница во Тетово.
Се реновираше радиологија на Хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, интензивно се работи на клиниката КАРИЛ.
Преку соработка и на владата, општините и институциите се реализираат ветувањата со цел поквалитетен живот на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

