Македонија
Нов напад на кучиња скитници во Дебар
Расте бројот на кучињата скитници во Дебар. Последните месеци евидентирани се десетина напади на кучиња скитници врз жители на градот, а последниот напад е регистриран вчера во населбата Венец 1.
Според Секторот за внатрешни работи – Охрид во населбата „Венец 1“ била нападната Р.М. (67) од Дебар, која била искасана од две кучиња по што е пренесена во општа болница Дебар. Таа се здобила со повреди на двете нозе и по укажаната лекарска помош од Ооштата болница во Дебар, а поради сериозноста на повредите, е упатена во ЈЗУ Охрид-инфектологија за понатамошен третман и лекување.
Во општата болница во Дебар, како и во Здравствениот дом информираат дека во последните месеци има нагласен број на напади и каснувања на луѓе од страна на кучиња скитници. Забележани се во сите делови во градот, за што невладиниот сектор бара преземање активности за надминување на проблемот.
Пред неколку месеци, во селото Баланци жртва на куќиња беше жена, која почина по нападот. Во ЈКП Стандард се подготвени да се организира шинтерска служба за што веќе има преговори со Општина Дебар.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

