Македонија
Нов урбан сквер и детски парк во Карпош
Нов урбан сквер и детски парк ќе добијат граѓаните на општина Карпош, на границата меѓу урбаните заедници Нерези и Тафталиџе 2. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со стручните соработници и членови на Советот на Општина Карпош, го презентираше проектот на јавна презентација (отворена средба) пред засегнатите граѓани од овој дел на Карпош.

На овој начин, како што велат од општината, дополнително ќе се оплемени просторот. Постоечкото зеленило ќе се зголеми со нови садници, а ќе биде поставена и урбана опрема, клупи, ЛЕД-светилки, корпи за отпадоци и лулашки за најмладите, велат од општината.

„На празните и слободни површини, меѓу зградите, нема да никнуваат нови згради кои ќе го ‘гушат’ просторот, туку поставуваме ново зеленило. Слободните површини ги разеленуваме и ја задржуваме нивната автентичност не ги уништуваме“, рече Богоев.

Со граѓаните се разговараше и за безбедноста на овие нови урбани скверови и детски паркови. Градоначалникот Богоев посочи дека ќе има постојан надзор над истите со цел да се спречи уништување, но и да се зголеми безбедноста на посетителите.
Беа разменети мислења и за хигиената во Карпош и новата зелена офанзива во општината, за кои цели, како што беше кажано, се ангажирани повеќе хигиеничари кои рамномерено се поделени низ сите урбани заедници.
Во изминатите десетина дена комуналните служби на Општина Карпош засадија и нови, 113 висококвалитетни дрвја во урбаните заедници: Владо Тасевски (Млечен), Карпош 1, Карпош 2 и Тафталиџе 1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

