Македонија
Нуредини на неформален состанок на министрите за животна средина и клима во Берлин
Денес и утре, во Берлин, по покана на германскиот министер за животна средина, Свења Шулце, се одржува неформален состанок на министрите за животна средина и клима на ЕУ, на која учествуваат министрите за животна средина на државите членки на ЕУ и на низа други држави и претставници на институциите на ЕУ, меѓу кои е и македонската делегација предводена од министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Агендата на првиот ден на состанокот е фокусирана на прашањата на биодиверзитетот, загубите на биолошката разновидност, деструкција на природата во контекст на превенција на пандемијата и научените лекции од кризата предизвикана од Ковид-19 и за климатската политика, особено приказ на влијанието од ревидираната цел на ЕУ за 2030 година, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Состанокот има цел да овозможи размена на мислења за врската помеѓу загубата на биодиверзитет и пандемијата на коронавирусот и да се разговара за предлогот на Европската комисија за зголемување на климатската цел на ЕУ 2030 на најмалку 55 % во споредба со нивото од 1990 година.
Вториот ден министрите за животна средина и клима на ЕУ ќе имаат уште една можност да ги разгледаат детаљно предлозите на Европската комисија за климатски активности на работна сесија и да разговараат за претстојните одлуки за подигнување на климатската цел на ЕУ 2030 и на ЕУ закон за клима.
На состанокот, преку неформални дискусии, министерот Нуредини даде осврт на тековните активности за заштита на биодиверзитетот и климатските политики, ревидираните национали придонеси и долгорочната стратегија и закон на климатска акција на национално ниво.
На маргините на настанот министерот Нурдини одржа повеќе билатерални средби. Со генералниот секретар за животна средина и води на грчкото Министерство за животна средина и енергија, Константинос Аравосис, разговара за имплементацијата на договорот за заштита и одржлив развој на Преспа паркот, во правец на информирање за досегашните и идните активности, како и начините на зајакнување на прекуграничната соработка во оваа област. Се разменија мислења и во однос на развивањето на прекуграничната соработка за заштита од поплави во сливот на река Вардар преку INTERREG-програмата на ЕУ за прекугранична соработка, во која Грција е носител на проектот, а партнери од македонска страна се МЖСПП и Дирекцијата за заштита и спасување. Во разговорите се отвори и прашањето и можностите за учество на грчки компании во зелени инвестиции.
Фокусот на разговорот со државниот секретар во германското Федерално министерство за животна средина, заштита на природа и нуклеарна безбедност, Јочен Фласбарт, беше ставен на германската помош во делот животна средина во евроинтегративните процеси на Северна Македонија, а со турскиот министер за животна средина и просторно планирање, Мурат Курум, размени мислења за потребата и можностите за зеленување на градовите и за идната соработка.
Исто така, билатерна средба министерот Нуредини оствари и со австриската федерална министерка за климатска акција, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија, Леонор Гевеслер, при што разговараа за продлабочување на соработката со Австриската агенција за животна средина на техничко ниво и потенцијална поддршка во формирање агенција за животна средина во нашта држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

