Контакт

Крвав четврток

Обвинет за 27 април: Никола Бошкоски од УБК беше дел од организирањето на упадот во Собранието

Објавено пред

(Фото: Никола Бошкоски)

dobivaj vesti na viber

Според сведочењето на Стефан Младеновски, кој е обвинет за упадот во Собранието на 27 април минатата година, Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК, кој избега од Македонија заедно со Горан Грујевски, директно бил вмешан во организирањето на упадот во Собранието. Младеновски сведочеше дека врската помеѓу УБК и учесниците на протестот бил Александар Василевски – Нинџа, кој исто така е обвинет за крвавиот четврток.

Младеновски денеска на рочиштето за упадот во Собранието во исказот кажуваше кој, според него, го организирал, како го организирал упадот во Собранието и што се случувало дента на 27 април 2017 година.

„Кога беше објавена тиранската платформа, почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’. Учествував повеќепати со мојот брат и екипата на Нинџа, со кој се чекавме кај ‘Палома бјанка’. Со протестите не сум многу запознаен, но знам дека имаше логистичка поддршка од сите разграноци од ВМРО-ДПМНЕ, ‘југото’ што секогаш одеше напред беше од ОК Кисела Вода. На протестите се знаеше дека кога ќе дојде денот СДСМ да прави Влада и да избере претседател на Собранието, реба да се влезе во Собранието“, рече Младеновски.

„Нинџа повторно во февруари нè викна во ‘Аристократ’. На таа средба Никола Бошкоски ни кажа дека државата ни е загрозена и дека мора да се одбрани. УБК ќе стои зад нас и сите наредни насоки ќе ги добиваме од Нинџа. Нинџа кажуваше дека има насоки кој да се следи, дали има провокатори. Димовски на еден протест ни покажа жена со руса коса со камера и ни кажа дека таа жена секој ден е присутна на протестите со акредитација на странски медиум и доколку биде забележана, треба да се извести Нинџа, потоа тој УБК. Подоцна дознав дека жената била приведена и дека се работи за лице на ЦИА. На средина на протестите од Нинџа разбрав дека Владимир Атанасовки, кој беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, му кажал да ги контактира патриотските здруженија. Нинџа за нив секогаш велеше дека се кретени и дека треба да се искористат и дека се набилдани идиоти без муда“, рече Младеновски пред судот.

Тој во сведочењето зборуваше и што се случувало дента на 27 април 2017 година.

„На 27 април, околу 13 часот, на мојот брат му се јави Кољо и нè викна да одиме во ‘Дион’ на ручек. Стигнавме околку 14 часот, беше присутен Нинџа со својата екипа од 15-20 луѓе. Кога стигнавме таму, Нинџа нè извести дека денес е денот. Кусо по тоа, во 17.30 часот Нинџа седеше на масата зад мене. Го слушнав како му рече на Кољо: ‘Мислам дека треба да ставиме маски, подрско ќе изгледа’. Извади пари од џебот и му ги даде на Кољо по што се упативме до продавницата ‘Камуфлаж’. Кољо влезе сам и излезе со кеса со маски. Околу 15.30 часот пристигна уште една група од Ѓорче. Од Нинџа разбрав дека биле поранешни членови на СДСМ и дека им рекол доколку не сакаат проблеми, треба да се докажат. Од задниот џеб извади пари и ми рече да докупиме уште 30 маски. Отидовме, купивме уште 30 маски по што се вративме во ‘Дион’. Набргу по тоа, почнаа да пристигнуваат луѓе со маиците. Првин дојдоа од здружението ‘Тодор Александров’, Нинџа ги смести во ‘Дион’, потоа од здружението ‘Ќосето’, тука го видов Горан Ангелов со уште 5 луѓе. Во тие моменти Нинџа замина од ‘Дион’ и рече дека оди да се види со својата сопруга, потоа се врати. Некаде пред 18 часот стигнаа и од здружението ‘Черноземски’, со кои не се знам, го знам само Игор Југ бидејќи се дружев со неговиот покоен син. На стрим од мобилен видовме дека во Собранието се пее албанска химна. Во ‘Дион’ се створи атмосфера на нетрпение, луѓето сакаа да одат на протестите по што Нинџа кажа дека е рано. Некаде околу 18.40 часот, по кус повик, Кољо ни кажа дека Нинџа рекол да тргнеме кон протестите. Одевме во група од 50-ина луѓе, се движевме низ ГТЦ и некаде кај Паркот на жената борец, Кољо рече дека се влага во Собранието, да ставиме маски. Едни ставија, други не.

Се створи метеж пред кабинетот на Трајко Вељаноски. Кољо разговараше со некое лице. Тргнавме со тоа лице кон една стаклена врата, лицето проба да ја отвори со картичка, но Кољо ја скрши. Стигнавме пред прес-салата. Тука Кољо на новинарите им рече да ги спуштат камерите да не снимаат. Кога се свртев кон вратите од прес-салата, забележав лице во цивил со вперен пиштол кон нас. Јас ги кренав рацете и се повлеков назад. По 10 секунди, тргнав назад кон ходникот. Таму го сретнав Мите Питроповски со кого се симнавме долу и сакавме да одиме накај пленарната сала. Кољо се симна по некое време и ни кажа да одиме повторно нагоре. Тргнавме по скалите нагоре, а со нас имаше и други лица, кои не ги познавам. Кога стигнавме пред прес-салата, разбрав дека имало мешаница кога лицето го извадило пиштолот. Видов дека тоа лице на вратот има закачено картичка. Набргу по тоа, тргнавме кон салата ‘Длаборез’ по што повторно се вративме пред прес-салата каде што имаше собраниско обезбедување пред вратите“, рече обвинетиот.

Тој продолжи да раскажува што се случило кога излегле од Собранието.

„Кога излеговме од Собранието, се упативме кон ‘Прометеј’, споменикот во Паркот на жената борец, сите од ‘Дион’ беа таму, меѓу кои и Нинџа и Кољо. Беше и Игор Југ, кој им се лутеше на луѓето со него зашто го оставиле сам. Кај споменикот ‘Прометеј’ беше присутен и Дејан Димовски – Боксер, вработен во УБК, рече да не се секираме бидејќи камери нема, тој ги искршил. Истото лице кажа дека во 22 часот Иванов ќе има обраќање и ќе прогласи воена состојба, дека веќе имало поставено војска на патарините и кај Групчин. Но, тоа не се случи. Дејан Димовски – Боксер кажа дека таа информација ја добил од некое лице Синиша што работи кај претседателот Иванов. Кај споменикот ‘Прометеј’, Нинџа ми кажа дека има лица вработени во специјалната единица. Во еден момент се слушна дека група Албанци се собираат и се спремаат да дојдат накај Собранието и дека се вооружени. По тоа, Нинџа отиде да се види со Никола Бошкоски, кој, како што разбрав, е дојден со некое возило кај Градската болница, а во возилото имало оружје, автоматско и полуавтоматско оружје. Го прашав Нинџа што ќе се случи ако дојдат Албанците, тој ми кажа дека и тука има луѓе што знаат да пукаат. Потоа отидовме во ‘Дион’, кафулето беше затворено, но чуварот ни даде гајба сок. Бевме десетина луѓе, меѓу кои Питроповски, Кољо – Нинџа, Никола Бошкоски. Бошкоски беше среќен, не знам од која причина, а Нинџа му кажуваше што се случило. Нинџа потоа рече да си одиме, а наредниот ден ќе се договориме. Од тогаш Нинџа беше во параноја, рече да внимаваме што зборуваме бидејќи сè слушаат и сè знаат“, рече обвинетиот Стефан Младеновски во сведочењето.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет5 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија5 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија6 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија7 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ10 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија12 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ12 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија12 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија12 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија13 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија14 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет15 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа16 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа16 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа16 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...