Македонија
Облачно и ветровито време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.
На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. На југозападот ќе дува засилен западен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, краткотрајно и со пороен интензитет и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

