Македонија
Облачно и магливо со температура до 11 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, по одделни котлини со појава на магла. Кон крајот на денот во јужните делови ќе има услови за слаб дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени. Продолжува периодот на стабилно и суво време, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Во понеделник ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд. Промена на времето се очекува кон крајот на работната недела, кога ќе дува слаб до умерен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапен за коментари

Министерството за животна средина и просторно планирање изработи нацрт – одлука за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.
„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, соопштија од Министерството.
Предлогот е достапен за увид и коментирање на веб-страницата на МЖСПП www.moepp.gov.mk и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk , а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи на почетокот на февруари.
Мислења, забелешки и сугестии може да се достават на [email protected] .
Македонија
Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 300, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми на нови пациенти заболени од Ковид-19.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а на Инфективната клиника шест.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни.
На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 95 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 20 пациенти.
„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 146 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, соопшти МЗ.
Македонија
Царовска на средба со СОНК: Реформите во образованието се прават транспарентно и со вклученост на сите страни

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се сретна со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, и други претставници од синдикатот.
Како што информираат од ресорното министерство, на состанокот се разговарало за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција.
Претставниците на СОНК и министерката се согласиле дека реформите во образованието се нужни и треба да се направат, но и потенцирале дека синдикатот е важен парнер во носењето на новата концепција и спроведувањето на реформите.
„Со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата, но и кариерен развој и можности за унапредување“, рекла Царовска додавајќи дека за првпат во последната деценија во нашата држава во делот на образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни.
Во дебатата за концепцијата од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, британска и швајцарска амбасада, Делегација на ЕУ, потенцираат од МОН.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира