Македонија
Обновен дрворедот на „Рузвелтова“
„Град Скопје ја продолжува акцијата за обновување на дрворедите во Скопје, дел од големата есенска акција за зазеленување на градот. Денеска го обновуваме дрворедот на улицата Франклин Рузвелт, и тоа oд двете страни по должината на улицата, од булеварот Илинден до улицата Васил Ѓоргов. Ги заменуваме сите исечени и паднати дрвја со нови здрави висококвалитетни листопадни садници од видот див костен, како и преостанатите во дрворедот. Речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници“, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Обновата на дрворедите во градот ќе се реализира на начин што новите садници ќе бидат засадени внимателно, грижливо, со видовите какви што претходно биле засадени на истото место.
„Оваа есен ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини. Си зедовме обврска пред граѓаните да го вратиме изгубеното зеленило и да се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило за разлика од претходната власт, која го уништуваше зеленилото каде што ќе стигнеше. Преку надоместувањето на изгубеното зеленило, зголемувањето на бројот на парковите и дрворедите и заштитата на сите јавни зелени површини во сите општини во градот сериозно работиме на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина во градот“, изјави Салиху.
Влогот во здравата животна средина е трајна придобивка која директно влијае на здравјето на граѓаните затоа Град Скопје константно работи да им обезбеди на граѓаните што повеќе чисти и зелени површини. Оваа есенската акција Градот ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа учествуваат со свои работници, механизација и садници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

