Македонија
Одржана свеченоста за Денот на независноста, Заев порача дека татковината сега има најмногу пријатели
Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни, денеска 29 години од прогласувањето на самостојноста, нашата татковина има најмногу пријатели, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев на прославата по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември.
Централната свеченост се одржа на платото пред зградата на Владата каде премиерот Зоран Заев по кратката тет-а тет средба во неговиот кабинет заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваа на свечената церемонија на менување на знамињата и на интонирањето на државната химна од страна на воениот оркестар на АРСМ.

„Самостојноста и самотијата не одат рака под рака. Денеска, на 29 години од славењето на нашата самостојност, татковината наша има најмногу пријатели. Благодарение на тоа, годинава со кренати чела, слободни и отворени кон светот, ја славиме независноста“, истакна Заев.
Тој рече дека уште во самиот почеток граѓаните недвосмислено го посочиле патот по кој треба да се движи македонската државност, а тоа е европскиот пат и патот кон демократските вредности што подразбира вклученост и активно учество на граѓаните во политичките процеси.
„Пред три години, дома се соочивме со задушени демократски процеси, узурпирани институции, поларизирани меѓуетнички и меѓучовечки односи, со еден збор заробена држава. Држава која беше раководена од режим и во која стратешките цели, беа заменети со интересите на партијата. Покажавме дека знаеме и дека имаме волја да ги решаваме горливите проблеми“, истакна Заев.

Говорејќи за владеењето на правото, претседателот на Владата посочи дека доаѓа време на ред, правда и дисциплина, а новата Влада влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа.
„Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес, кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на граѓаните“, додаде Заев.
Централната свеченост по повод Денот на независноста, годинава се одржа согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести.

Во рамки на Програмата, повеќе личности испратија видео-порака која беше пренесена на видео бим, во која ги дадоа своите размислувања за 8 Септември – Денот на независноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 16:00 часот на вториот круг од локалните избори гласале 2.762 од вкупно 4.826 лица пријавени како болни или немоќни. Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица кои издржуваат казна затвор или се во притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи. Од 214 лица сместени во установи за вонсемејна грижа, своето право го искористиле 78 гласачи, прецизираат од ДИК.
Според информациите од Комисијата, гласањето започнало точно во 7 часот утринава и се одвива без прекини и инциденти во сите општини и во Градот Скопје.
Претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, изјави дека нема никакви проблеми ниту со изборниот материјал, ниту со изборните органи. Досега не се пристигнати забелешки, приговори или поплаки.
Во вториот круг од локалните избори, кој ќе се одржи утре, ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Македонија
Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава
Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) — под сомнение дека со несовесно постапување во службата овозможиле едно лице да користи два различни идентитета.
Според информациите од СВР Куманово, првопријавената, матичар во подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во село Лојане, општина Липково, направила незаконит упис во матичната книга на родени, внесувајќи податок дека едно женско лице склучило брак со машко лице и го зело неговото презиме.
Вториот пријавен, исто така матичар, на 26 март годинава издал извод од матична книга на родени со тие податоци, а третиот пријавен, службеник во Одделението за управни работи во Куманово, го примил барањето за издавање пасош.
Четвртиот осомничен, кој работел како виш советник за патни исправи во истото одделение, проценил дека се исполнети условите и го одобрил издавањето на патната исправа.
Со нивното постапување, како што наведува полицијата, на лицето му било овозможено незаконски да користи два идентитета. Против сите четворица е поднесена кривична пријава за делото „несовесно работење во службата“.
Македонија
Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците
Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи за вонсемејна грижа, денеска се одвива без потешкотии во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Од Комисијата информираат дека гласањето започнало во 7 часот изутрина и се спроведува непречено на целата територија, вклучувајќи го и Градот Скопје.
Според податоците на ДИК, денес право на глас остваруваат 4.826 болни и немоќни лица, 1.256 лица сместени во 14 казнено-поправни установи и 214 граѓани во 13 центри за вонсемејна грижа.
Вториот изборен круг од локалните избори 2025 ќе се одржи утре, кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за избор на советници.
Според избирачкиот список, право на глас имаат вкупно 1.013.375 граѓани.

