Македонија
Од компликации со Ковид-19 починаа 26 лица, новозаразени се 1.321

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.836 тестирања, а регистрирани се 1.321 нов случај на Ковид-19 во Скопје – 583, Куманово – 100, Дебар – 12, Штип – 40, Прилеп – 57, Тетово – 80, Струга – 13, Велес – 64, Битола – 50, Охрид – 31, Кавадарци – 23, Гостивар – 46, Гевгелија – 22, Струмица – 15, Крива Паланка – 9, Радовиш – 5, Крушево – 8, Кочани – 29, Пробиштип – 6, Демир Хисар – 10, Пехчево – 5, Берово – 3, Валандово – 4, Виница – 13, Делчево – 6, Кратово – 4, Свети Николе – 12, Кичево – 35, Ресен – 10, Неготино – 24 и два во Македонски Брод.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 433 оздравени пациенти од Скопје – 207, Куманово – 20, Штип – 13, Прилеп – 32, Тетово – 42, Велес – 11, Битола – 19, Кавадарци – 6, Гостивар – 7, Гевгелија – 13, Струмица – 10, Крива Паланка – 3, Радовиш – 6, Кочани – 11, Пробиштип – 4, Берово – 5, Виница – 4, Кратово – 1, Свети Николе – 7, Кичево – 10 и по еден од Ресен и Неготино.
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (65, 50, 65, 72, 76, 60 и 80 години), двајца од Штип (64 и 50 години), еден од Прилеп (66), еден од Тетово (71), двајца пациенти од Струга (66 и 59 години), еден од Велес (68), двајца од Битола (55 и 57 години), тројца пациенти од Охрид (77, 63 и 80 години), еден од Кавадарци (71), еден од Гостивар (73), еден од Струмица (62), еден пациент од Крива Паланка (57), двајца од Радовиш (82 и 72 години) и еден пациент од Делчево (71). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 42.540, бројката на оздравени пациенти е 25.353, на починати е 1.212, а бројот на активни случаи изнесува 15.975. Од вчера се регистрираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 18.647, активни 7.410
• Куманово 2.828, активни 738
• Дебар 398, активни 87
• Штип 2.018, активни 443
• Прилеп 1.909, активни 786
• Тетово 2.917, активни 963
• Струга 971, активни 204
• Велес 1.273, активни 722
• Битола 1.147, активни 573
• Охрид 1.035, активни 440
• Кавадарци 777, активни 357
• Гостивар 1.574, активни 468
• Гевгелија 518, активни 209 (25 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 92 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.257, активни 627
• Крива Паланка 307, активни 98
• Радовиш 321, активни 115
• Крушево 57, активни 32
• Кочани 933, активни 295
• Пробиштип 277, активни 98
• Демир Хисар 127, активни 55
• Македонски Брод 120, активни 18
• Пехчево 69, активни 10
• Берово 261, активни 71
• Валандово 126, активни 39
• Виница 252, активни 125
• Делчево 332, активни 174 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 105, активни 64
• Свети Николе 573, активни 130
• Кичево 817, активни 334
• Ресен 309, активни 101
• Неготино 285, активни 189 (23 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3.836 теста се преку: ИЈЗ-1.165, ЦЈЗ Скопје-98, Авицена-436, Биотек-350, МАНУ -259, Жан Митрев (Филип Втори) -242, Систина со PCR метода -361, лабораторија Лаор –321, Судска медицина-20, ЦЈЗ Битола-118, Инфективна клиника-8, Синлаб-159, Ремедика-35, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -242, УК Пулмологија со алергологија – 2. Досега во земјата се направени вкупно 279.770 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника примени се 10 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 155. На кислородна поддршка се 134 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца позитивни и 3 суспектни на Ковид-19 и 27 возрасни пациенти позитивни и суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 7 пациенти.
Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 21 пациент, на кожната клиника 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 80, а во болницата во Штип 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 534 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Според најновите податоци, бројот на активни случаи по скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 444
• Гази Баба – 1007
• Аеродром -1161
• Карпош – 987
• Центар – 956
• Кисела Вода – 922
• Ѓорче Петров – 595
• Бутел – 389
• Шуто Оризари – 123
• Студеничани – 36
• Сарај – 81
• Арачиново -20
• Илинден – 183
• Сопиште – 57
• Чучер Сандево – 65
• Петровец –73
• Зелениково -42
• Странец – 119
• Нераспределен- 150
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.
Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.