Македонија
Од коронавирус во болниците во Македонија се лекуваат 1.545 пациенти

Во болниците во државата од коронавирус се лекуваат 1.545 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од таму додаваат дека капацитетите не се исполнети и дека има слободни кревети.
„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид центрите“, соопшти МЗ.
Само во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Од МЗ додаваат дека во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
„Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Скопје за првпат добива вистински вертикални градини

Скопје за првпат ќе добие вистински вертикални градини по светски стандарди. На денешната прес-конференција, по повод изградбата на новиот комплекс „Гранд“, чиј инвеститор е компанијата „МГ Фешн“, главните архитекти на проектот меѓу другото ги претставија и зелените вертикални градини кои се предвидени да бидат дел од комплексот.
Архитектите истакнаа дека станува збор за прв проект кој ќе вклучува зелени вертикални градини од овој тип. Покрај тоа што создаваат здрава средина за жителите, вертикалните градини придонесуваат за регулирање на влажноста на воздухот, апсорбирање на СО2 и други загадувачи, филтрирање на честичките од прашина, апсорбирање на бучавата, но и редуцирање на потрошувачката на енергија со намалување на температурата на воздухот во летниот период. Дополнително, овој дел од предвиденото зеленило обезбедува чувство на приватност и пријатност во урбаната средина и концепт, беше истакнато на прес-конференцијата.
Архитектите нагласуваат дека објектите се проектирани и дизајнирани на специфичен начин, со цел да одговорат на посебните барања и потреби за поставување, односно садење, одгледување и одржување на вертикалните градини.
Предвидените објекти ќе бидат со адаптиран дизајн за поставување на ваквиот вид зеленило. Проектирани се со наизменично протегање, прилагодена големина на терасите и соодветни висини, со цел да се обезбеди стеблата на дрвјата и растенијата да се извишуваат нагоре. Во објектите ќе биде имплементиран и посебен систем за одржување и наводнување, а во склоп на терасите ќе има посебно дизајнирани саксии и жардиниери, кои ќе овозможат дренажа и одводнување на водата.
Во однос на типот на зеленило кое ќе биде поставено, беше истакнато дека ќе се одбере локално зеленило, согласно локалните климатски услови, ветровите, длабочината и агресивноста на коренот итн. Проектот го надминува законскиот минимум од 20% зеленило од парцелата и во истиот се предвидени 6.520 м2 зелени површини, каде не се вкалкулирани вертикалните градини кои се дел од идејните решенија.
(ПР)
Македонија
Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а присуствуваа координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и претставникот на политичката партија Левица.
Средбата беше свикана во насока на деблокирање на целокупната работа на Собранието, вклучително и работата на работните тела, со оглед на тоа што работата на дел од матичните работи тела е закочена повеќе од 5 месеци.
Заклучокот од Координативната средба е дека утре Собранието продолжува со работа по 32 седница, додека за натамошната динамика на работа, ќе се координираат дополнително.
Од Собранието соопштија дека за време на состанокот, координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го известиле Џафери за кои точки е постигната согласност за деблокирање, додека тој смета оти не смее да има приоретизирање на одредени точки затоа што лидерите на политичките партии се договориле за тоа надвор од Собранието.
„Работата на Собранието треба да се деблокира на секое ниво и сите политички партии треба да ја напуштат праксата на заложништво на процесот на усвојување закони, немање кворум поради оправдани здравствени причини на пратеници поврзани со Ковид-19 пандемијата, или поднесување огромен број амандмани по еден закон, оптоварувајќи ја и службата на Собранието, а не само законодавниот процес“, рекол Џафери на средбата.
Тој е дециден дека праксата на условување не оди во прилог никому.
Македонија
Гостин нападнал сопственик на кафуле оти му рекле дека нема место поради ковид-мерките

Дваесет и двегодишен тетовец доби кривична пријава бидејќи истепал сопственик на угостителски објект во градот.
Како што информираат од полицијата, настанот се случил пред да стапи на сила забраната за гости во локалите.
„Пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на Ковид-19, тој го нападнал сопственикот“, соопшти полицијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш