Македонија
Од коронавирус починаа 24 лица, потврдени 978 нови случаи
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 978 нови случаи на коронавирус, а 24 лица починаа, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 7.452 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 405,Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 524 оздравени пациенти.
Пријавени се 24 починати лица: 6 починати лица од Скопје ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г), 3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г),по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

