Македонија
Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози
Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тоа значи дека само со целосна вакцинација на граѓаните ќе им биде дозволен влез во рестораните, кафулињата и трговските центри, како и за присуство на спортски и културни собири.
Министерот Филипче нагласи дека потребата од дополнителни мерки ќе зависи од состојбата со бројот на новите случаи на Ковид-19.
Како што рече, вирусот најмногу се шири меѓу невакцинираните, односно над 90 отсто од смртните случаи немале примено вакцина, а помеѓу новозаразените 79 проценти не се вакцинирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе
„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска?
Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ.
Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ.
„Затоа и имате проблем со малцинствата во Уставот. Затоа и ја блокирате Европа.
Затоа и не сакате да продолжат преговорите. Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе. Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите како штит за да ја заштитите криминалната империја и да продолжите со пљачката“.
Според СДСМ, македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин.
„Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. Нема враќање назад.
Македонија
Волк е животното кое вчера беше заловено во скопска населба: потврдија од ЗОО Скопје
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје.
„Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија“.
Животното, велат од таму, не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби била земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања.
„Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст.
Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк ( Canis lupus)
Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење“.
Надлежните со апел до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец.
„Скопје ЗОО ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста за сите понатамошни информации“.
Македонија
Зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци, предупредува МВР
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk.
Измамата, како што појаснуваат од МВР, се врши на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете вашата регистарска табличка од вашето возило и потоа ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и ви бараат наплата од 1500 денари за истиот.
„Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи и да не веруваат на пораки кои доаѓаат од нелегитимен веб сајт на Министерството, ниту да оставаат свои лични податоци и податоци од својата платежна картичка, кои потоа претставуваат цел на злоупотреба.
Исто така Секторот за компјутерски криминал при МВР апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи со цел да не наседнуваат на измами од ваков тип.
За полесно препознавање на вистинската порака, граѓаните во делот на испраќач на пораката треба да биде MVR-SC (во превод MVR Safe Country)“.
