Македонија
Од утре до недела собирање кабаст отпад во Аеродром

Почнувајќи од утре, петок, 10 јули, па во наредните три дена, на територијата на општина Аеродром ќе бидат поставени контејнери за собирање кабаст отпад на три локации – на булеварот Февруарски поход, во близина на супермаркетот „Рамстор“2, во Ново Лисиче, на булеварот АСНОМ меѓу бр. 42 и 44 и кај старата „Стела“ во Аеродром.
Граѓаните ќе може да ги оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема во поставените контејнери, но не и градежен шут.
„Во наредниот период ќе бидат поставени контејнери и на други локации во Аеродром, така што оваа акција ќе се одвива подолг период“, велат од Општината.
Фрлањето на кабастиот отпад на јавна површина надвор од најавените акции за собирање е казниво со закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.