Македонија
Опозициските партии предложија дополнувања на Законот за заштита од заразни болести во редовна постапка
Пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ во Собранието заедно со останатите опозициски партии, Алијанса и Алтернатива, како и Левица, поднесоа предлог-закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, но овој пат во редовна постапка.
ВМРО-ДПМНЕ образложува дека пред неколку денови овој предлог-закон бил поднесен до Собранието во скратена постапка, но владејачкото мнозинство и нејзините пратеници ја одбиле потребата од брзо носење на овој предлог-закон по скратена постапка.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека заедно со останатите опозициски пратеници нема да се откажат од потребата за донесување на ова важно законско решение и токму затоа овој пат апелираат до владејачкото мнозинство и Владата детално и суштински да го разгледаат овој предлог-закон и истиот да го прифатат.
„Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести бараме формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија и ќе треба да придонесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19, која што очигледно од ден на ден сè повеќе се влошува. Составот на комисијата ќе биде на предлог на Владата, а го избира Собранието на Република Македонија. Истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист“, образложија од пратеничката група.
Овој предлог-закон предвидува донесените препораки од страна на комисијата да бидат јавни и да се доставуваат до Владата, којашто потоа ќе има обврска и ќе мора задолжително да постапува по истите.
Целта на овој закон, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, е да се формира комисија којашто ќе биде составена од професионалци, докажани во своите области и коишто со своето објективно и стручно работење и носење одлуки, ќе придонесат за решавање и нормализирање на тешката состојба, но и од „катастрофалната здравствена политика која ја води оваа влада предводена од СДСМ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

