Контакт

Македонија

Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со маркетинг-агенцијата за комуникација со граѓаните

Објавено пред

Општина Аеродром ја известува јавноста дека врз основа на јавниот интерес и принципите за рационалност и економичност, ќе го преиспита сукцесивниот договор со приватната маркетинг-агенција.

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации“, се навадува во соопштението од Општината.

Како што велат од таму, тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните.

Информираат и дека граѓаните ќе бидат известени за одлуката и за натамошното постапување.

Македонија

(Видео) Арсовски: Целта на Заев е да создаде нова Катица Јанева

Објавено пред

На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи прогонoт против политичките неистомисленици, порача на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што кажа тој, брзоплети и експериментални решенија по нарачка на Заев наместо право и правна држава може да донесат само нов хаос и правен пазар.

„Не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, Специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис, ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти“, истакна портпаролот на опозициската партија.

Тој се повика и на членот 60 од законот за Јавното обвинителство според кој е предвидено јавниот обвинител да се оддалечи од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.

„Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна“, посочи Арсовски кој нагласи дека обидите да се создаваат решенија по мерак на Заев се атак директно врз правдата во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Спасовски го партизира и приватизира МВР

Објавено пред

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, обвини на прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Како што рече тој, октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира.

„За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место“, нагласи членот на опозициската партија.

Ѓорѓиевски обелодени дека Спасовски на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска, а како што кажа, работно место во МВР добил и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.

„Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски“, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто се блиски до него, како Игор Стефановиќ, сопственик на „Оли травел“, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.

„Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема. Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие“, истакна претставникот на опозициската партија и порача дека е време министерот Спасковски заедно со премиерот Зоран Заев, да заминат во историјата на македонската политичка сцена.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: За две години покажавме вистинска грижа за пациентите и лекарите

Објавено пред

Во изминатите две години, со конкретни мерки и политики во здравството покажавме што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, за подобрување на условите во јавните здравствени установи и достапни лекови во кој било ден од месецот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, говорејќи во својство на претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

Според него, претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години го колабирала здравствениот систем, а медицинскиот пресонал бил понижуван.

„Ние се грижиме за граѓаните, со посветеност успеавме да обезбедиме, од први октомври, граѓаните да ги имаат потребните лекови во кој било ден од месецот. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеќе паника, гужва, чекање.

Воведовме три нови инсулини и набавивме дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз. Сега, тие ја имаат најквалитетната терапија“, посочи Филипче во своето обраќање.

Тој нагласи дека како никогаш досега, се вложува во нови лекови за лицата со ретки болести.

„За 2 години, обезбедивме 5 нови лекови и го зголемивме буџетот за ретки болести. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари. Оваа година обезбедивме 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 120 за спинраза. Никој не чека лек, ниту е надвор од регистарот“, кажа министерот за здравство.

Додаде и дека по повеќе од една деценија повторно е вратено достоинството на лекарите.

„Воведовме мерки и преземаме активности преку кои, пред се на нашите млади здравствени работници да им овозможиме подобри услови за работа дома, во нашата држава. Веднаш по завршувањето на образованието тие имаат отворени врати во здравствените установи. Отворивме два јавни повика за шест месечна платена работа за лекари и патронажни сестри и сите 290 заинтересирани и пријавени кандидати во следниот период ќе почнат со работа.

Ја покачивме платата за 10% на медицинските сестри и 15% на докторите специјалисти. Додека пак, со ребалансот на буџетот, од 1. септември ги зголемуваме платите во здравството и за дополнителни 5%. Нашето ветување е до крајот на мандатот, платата на лекарите специјалисти да изнесува 100 илјади денари“, потсети Филипче.

Како претседател на Комисијата за здравство на СДСМ, тој кажа и дека зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа и дека се разгледува проблемот со инструментите, кои во некои случаи се стари повеќе од 20 или 30 години.

Филипче рече и дека за првпат после 7 години е најмала стапката на новороденечка смртност, заради тоа што, како што рече, системот плански се надградува.

„Донесовме нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место. Таа самата да одлучи што ќе прави со сопственото тело. За разлика од порано во времето на ВМРО-ДПМНЕ овој закон беше рестриктивен.

Јa започнавме постапката за изградба на нов Клинички центар. Го прекинавме договорот којшто беше потпишан од ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што тој не беше соодветен. Затоа што беше една инвестиција само во цигли, која што требаше да биде лепенка и доградба на веќе постојни згради, којшто немаше да биде никаков функционален Клинички центар“, порача Филипче додавајќи дека станува збор за проект што е капитална инвестиција за нашата држава.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија3 часа

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет3 часа

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија5 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа5 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа6 часа

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура17 часа

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија19 часа

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт21 час

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа21 час

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ23 часа

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија1 ден

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија1 ден

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт1 ден

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Свет1 ден

(Видео) Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам дека можат да ме убијат на улица

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее...

Свет1 ден

Иранка се запали со бензин откако била фатена дека се облекува како маж за да гледа фудбал

Иранка се запали со бензин откако била приведена поради тоа што се облекувала како маж за да може да влезе...

Свет1 ден

Финска: ЕУ да престане да увезува говедско месо и соја од Бразил

Европската унија (ЕУ) треба да го блокира увозот на говедско месо од Бразил и да размисли за суспендирање на увозот...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот кај Плетвар, по седум часа пуштен во сообраќај патот Прилеп – Росоман

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски...

Македонија1 ден

Собранието ќе одржи седница за разрешување на Катица Јанева

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица...

Досие