Македонија
Општина Центар ја плати последната рата од кредитот за катната гаража „Судска палата“
Општина Центар ја отплати последната рата од кредитот подигнат за изградба на катната гаража „Судска палата“, спроти комплексот факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, до зградата на МРТВ.
Кредитот за изградба на катната гаража е подигнат во 2011 година, од страна на тогашното општинско раководство и изнесува вкупно 2.535.000 евра, односно околу 156.200.000 денари.
Со кредитот се финансираше изградбата на катната гаража „Судска палата“, која заврши кон крајот на 2012 година и во моментов во склоп на гаражата се наоѓаат и административните простории на општинското јавно претпријатие „Паркинзи на општина Центар“.
„Подигнатиот кредит имаше рок на отплата од 10 години, со грејс период од 2 години, а Општина Центар редовно ги сервисираше сите рати, во квартални или тримесечни исплати, во согласност со договорот“, соопштија од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

