Македонија
Општина Ѓорче Петров ќе добие нов зелен парк во Волково
Општина Ѓорче Петров е еден од партнерите во меѓународниот проект UrbanGreenLeap, поддржан од програмата Interreg Euro-MED, кој има за цел унапредување на зелената инфраструктура и зголемување на урбаната отпорност на климатски промени во мали и средни медитерански градови.
Во рамки на проектот, предвидена е изградба на нов, модерен и мултифункционален зелен парк во населбата Волково, на потегот кај последната автобуска станица на линијата „22“. Паркот ќе биде наменет за сите генерации, со содржини за деца, ученици, пензионери, како и за граѓани кои сакаат простор за одмор, еко-едукација и рекреација.
Проектот, кој ќе се реализира во период од 33 месеци (април 2025 – декември 2027), ќе овозможи зајакнување на капацитетите на општината за управување со зелените површини, активно учество на граѓаните во планирањето, развој на урбани планови за интеграција на биодиверзитетот и изработка на студии за унапредување и проширување на зелените зони.
-Општина Ѓорче Петров вложува континуирани напори за да стане зелена урбана заедница, прилагодена на современите еколошки предизвици. Со изградбата на новиот парк во Волково, не само што добиваме убава и функционална јавна површина, туку и градиме свест, заедништво и одговорност кон природата. Зелено Ѓорче не е само идеја, туку реална визија која веќе ја претвораме во конкретни проекти, изјави градоначалникот Александар Стојкоски по повод реализација на проектот.
UrbanGreenLeap обединува 10 партнери од ЕУ и соседни земји, вклучувајќи општини, институти и универзитети, со водечки партнер Општина Цеље (Словенија). Вкупниот буџет на проектот изнесува 2.388.555,00 евра, од кои 1.910.844,00 евра се обезбедени од ЕУ фондовите.
Со оваа иницијатива, Ѓорче Петров се вклучува во заедничката европска мисија за поодржливи, позелени и поотпорни урбани средини, а граѓаните добиваат можност активно да придонесат кон изградбата на поздрава животна средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

