Македонија
Османи: Вклучувањето на Бугарите во Уставот не е спротивно на нашите интереси

Барањето за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав не е спротивно на нашите интереси, истакна Министерот за надворешни работи Бујар Османи коментирајќи ги „5+1“, барањата на бугарската страна за тргање на ветото на патот кон ЕУ.
Со ова барање, како што рече Османи, Бугарија се поместува од првичната нерационална позиција за „еден народ во две држави“ во позиција во којашто велат дека има една бугарска заедница со свои идентитетски атрибути, различни од таа на мнозинската заедница.
„Република Северна Македонија никогаш немала проблем да ги признае различните етнички групи. Самиот факт што заедно со другите заедници, македонската, албанската, турската, се бара како посебна да се вклучи и бугарската заедница, тоа е на линија на ставот дека во Република Северна Македонија постојат различни етнички заедници кои имаат право да ги искажат своите атрибути“, рече Османи.
Министерот, сепак, вели дека на ова не можеме да бараме реципроцитет, бидејќи Бугарија согласно нејзиниот устав не препознава организирање на граѓаните врз основа на етничката припадност.
И премиерот Зоран Заев денеска се согласи дека признавањето на бугарската национална заедница во македонскиот устав пред земјата да стане членка не е проблематично.
Другите пет точки за кои македонската Влада преговара со Бугарија е потврдата дека немаме територијални претензии со името, немешањето во внатрешните работи на Бугарија, историската комисија најмалку пет пати да се состанува во годината, да се осудат актите на комунизмот на тогашното осудување на лицата кои имале самоидентификацијата со Бугарите и да се реагира кон говорот на омраза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Славески свика итен состанок на координативното тело за испраќање помош во Турција и Сирија

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во договор со советничките групи и градоначалничката Данела Арсовска свика состанок на координативното тело на Советот, на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Како што информира Славески, Советот ќе донесе одлука на итна вонредна седница, што ќе се закаже во најкус можен рок.
„Изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија, кои се зафатени од разорен земјотрес“, порача Славески.
Македонија
Приватните превозници не знаат кога ќе почнат со превоз на патници: Блокади нема да има

Приватните превозници и градоначалничката на град Скопје најдоа решение за превозот во градот. По четиричасовна средба, на повидок е нов договор.
„Одиме во позитивна насока и ќе се реши нашиот проблем. Ќе има реформи, ние сме јавен сервис и мора да им служиме на граѓаните на Скопје. Има простор за договор и блокади нема да има“, изјави Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Скопје.
Тој додава дека долгот кон нив треба да го плати Јавното сообраќајно претпријатие.
„Град Скопје нема долг кон приватните. Тој треба да го плати ЈСП. Ревизијата сè уште трае. Ни даде насоки градоначалничката Арсовска, ќе дејствуваме како што ќе нè насочуваат. Останува на нас превозниците да се реформираме и да ги слушнеме советите што ни се дадени“, додава тој.
Нема точен датум кога автобусите на приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе имаат уште еден состанок со скопската градоначалничка.
Македонија
„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените“, порака на Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по катастрофалниот земјотрес во Турција, со порака: „Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газијантеп, Р. Турција“.
До градоначалникот на Газијантеп, додава таа, испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.
„Градот Скопје е град на солидарност, кој никогаш нема да ги заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.
До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.