Македонија
Османи во Белград уште еднаш му се заблагодари на Вучиќ за донираните вакцини

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Србија ја почна со средба со претседателот Александар Вучиќ.
Како што информираат од Министерството, на средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, соработката на регионален план, како и соочувањето со предизвиците од пандемијата.
Османи воедно упатил благодарност за донираните вакцини за Северна Македонија од страна на српската влада.
„Овој гест на солидарност, реализиран и со вашиот личен ангажман, нашата Влада, нашите здравствени институции, но и воопшто јавноста, високо го ценат“, истакнал Османи посочувајќи дека двете држави имаат и многу добра соработка во справувањето со предизвиците од пандемијата, особено при рептријација на македонските државјани преку територијата на Србија.
Посетата на македонскиот министер на Белград продолжува со средба со својот колега Никола Селаковиќ, претседателот на Народното собрание, Ивица Дачиќ, и со претседателката на владата, Ана Брнабиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба на две полициски и едно цивилно возило. Медиумите не успеаја да го видат поради темните стакла. Тој беше изнесен од зградата веднаш по заминувањето на обвинителката Вилма Русковска. Мијалков ќе биде спроведен во својот дом на Водно.
Адвокатот Петар Василев, застапник на Мијалков, ги одмина новинарските екипи и не одговори на ниту едно од прашањата.
И Вилма Русковска рече дека не се сретнала со Мијалков иако тој три часа беше во истата зграда со неа. Таа посочи дека оправдувањето на Мијалков ѝ било пренесено од неговиот адвокат.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Криминалната коалиција Заев – Мијалков прави циркус од државата

По пријавувањето на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, во Обвинителството за организиран криминал и корупција, се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека се потврдило оти постои криминална коалиција меѓу Зоран – Вице и Сашо.
„Ова е веќе циркус, направија циркус од државата. Заев, доста е. Доста е со навреди на интелигенцијата на народот, човекот ве гледа во очи и ве лаже, мака нема. Си играат мајтап додека мафијата царува. Денеска му стана совршено јасно на секој граѓанин во Македонија дека имаат договор. Првожин се договорија да избега, па се договорија да се врати, со посебен третман, со насмевка, со шлаканица за полицијата, судот, Обвинителството, со шлаканица за власта, вечерва недостигаше уште да му се извинат бидејќи тој им се извини ним. Тој е најдобра потврда дека постои криминална коалиција меѓу Зоран – Вице и Сашо. Ама домашниот есап на пазар не излегува. Само жестока јавна реакција спречи целосно фијаско и бегство. Тешка хаварија, за неколку часа, го упропастија системот и по којзнае кој пат поплукаа во правдата.
Дека сè е договорено и дека нема логика тоа што го тврди Зоран Заев оти наводно жестоко го притиснал и го вратил бегалецот од правдата, говорат следните факти.
Доброволно тој се прошета пред камерата на провладина телевизија со прашање на новинарот, кој сосема случајно се најде таму… ооо, господине, па вие сте овде… Полиција нема, ама камера има, каква сапуница. Наместо во суд, упат за куќен притвор доби во Обвинителството.
Бегалецот од правдата доби куќен притвор наместо ефективен притвор, а Вилма рече дека истрага за бегството нема да има. Апсолутно сè е јасно. И двајцата рекоа дека имале температура, можеби тие двајцата имаат, но народот нема.
Народот добро знае што се случува и правда, конечна правда, ве гледам во очи и ви кажувам – ќе има кога двајцата ќе бидат таму каде што заслужуваат – во затвор.
Сето ова што денеска се трудеше Зоран Заев да го каже и докаже пред македонската јавност и македонските граѓани дека институциите функционираат излегува дека навистина часописот „Економист“ бил во право кога велел дека владее хибриден режим. Кога велеше дека ја ослободиле Македонија од режим, лажеше и ја гледаше македонската јавност во очи. Кога заедно ќе прошетаме, еве, од Владата до триумфалната капија во центарот на градот и ќе го видиме заедно бројчаникот, каде што ветуваше дека ќе стоеле милијарди украдени пари, а тој им стана ортак.
Сите плаќаме прескап билет за циркусот што ни го сервираат затоа што си играат со нашите судбини. Затоа, наша заедничка обврска е на сето ова да му ставиме крај и уште пожестоко да работиме овој хибриден режим да го собориме. И набргу ќе го собориме. На Владата, ваква кава што е се ниша и виси на конец, ѝ доаѓа крајот“, порача Мицкоски.
Македонија
Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни дека тој преку други луѓе пратил порака оти сака да се пријави, но само во ОЈО.
„Се консултирав со јавниот обвинител дали сепак да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Колку што ми е познато од разговорот со претседателот на судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање за мерка притвор. И Јовевски се согласил. Ќе размислиме дали да побараме затвроски притвор. При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Апсолутно не верувам дека бил болен“, рече Русковска.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер