Македонија
Османи во Њујорк положи цвеќе во Меморијалниот музеј за 11 септември
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на посетата на Њујорк во рамките на неговото учество на 76. заседание на Генералното собрание, го посети Националниот меморијален музеј за 11 септември, каде што положи свежо цвеќе во сеќавање на жртвите од терористичкиот напад од 2001 година. Споделувајќи ја тагата за загубените човечки животи, Османи изрази сочувство кон загинатите и нивните семејства, како и поддршка за САД и американскиот народ.
„На 20-годишнината од овој трагичен настан Република Северна Македонија силно ги поддржува заложбите на меѓународната заедница за зачувување на универзалните цивилизациски вредности – мирот, безбедноста, демократијата и укажува на потребата од споделена солидарност со сите жртви од тероризмот во светски рамки“, истакна Османи при посетата на Меморијалниот музеј.
Во рамките на 76. заседание на Генералното собрание министерот Османи учествуваше на повеќе министерски состаноци и сесии организирани во рамките на Обединетите нации. Османи учествуваше на министерскиот состанок на Заедницата на демократиите, организиран од Романија во својство на претседавач. Како единствена членка од Западен Балкан на Заедницата на демократиите, министерот Османи во своето обраќање укажа дека земјата стои силно зад демократските принципи и вредности.
Министерот Османи учествуваше и на министерскиот состанок на Алијансата за мултилатеризам, организиран од министрите за надворешни работи на Германија и Франција, каде што беа разменети мислења за ефективниот мултилатеризам, што претставува приоритет и за Северна Македонија. Во таа насока Османи укажа дека земјата како активен фактор на меѓународната заедница ќе продолжи со таквата заложба и за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.
Во рамките на Генералното собрание на ООН, министерот Османи имаше обраќање и на Конференцијата за поддршка на влегувањето во сила на договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестирања, каде што ја истакна значајноста на споменатиот договор како столб за нуклеарно разоружување и непролиферација.
За време на посетата на Њујорк, министерот Османи заедно со својот филипински хомолог, Теодоро Л. Локсил, потпиша заедничко коминике за воспоставување билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Филипини, што претставува 181. земја со која имаме воспоставено дипломатски односи. Денес, на агендата на министерот Османи е предвидена и билатерална средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и средби со негови хомолози од воневропските земји, меѓу кои и Сингапур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

