Македонија
Османи: Заедничкото претседавање со Бугарија е можност да ја демонстрираме блискоста

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прес-конференција го означи почетокот на активностите поврзани со заедничкото копретседавање со Берлинскиот процес на Македонија и Бугарија.
„Заедничкото копретседавање со Република Бугарија остава можност да ги демонстрираме блискоста, соработката и меѓусебната поддршка на двата соседа како клучен дел од аспирацијата за европската перспектива на целиот регион. Влогот ни е голем, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се заедничка определба, имаме иста цел, а тоа е зајакната регионална кохезија и изградба на мостови на соработка. Овие последните знам дека многу често ги спомнувам, но дипломатијата ја има токму таа улога, да поврзува и обединува. Тоа е основната цел на Берлинскиот процес, и тоа во моментот ни е најпотребно“, заклучи Османи.
Османи потсети дека Берлинскиот процес бил инициран во 2014 под покровителство на германската канцеларка Меркел, претседавањето со Процесот следствено го презеде Франција, потоа Австрија, Италија, Британија и Полска, за првпат да се донесе одлука за заедничко претседавање на Република Бугарија како членка на ЕУ и Република Северна Македонија како земја кандидат.
„Тоа беше признание за двете земји, прво за Бугарија, под чие претседавање со Европската Унија се зацврсти европската перспектива на регионот со софискиот самит во 2018 и софиската декларација, но секако и признание за Северна Македонија, која ја прероди европската идеја во регионот преку потпишување и имплементација на трите договори“, информира Османи.
Османи информира и за неодманешната посета на Софија, каде што, покрај другите теми што беа разговарани со неговата колешка Екатерина Захариева, значаен дел од разговорот беше посветен на предизвиците и активностите во рамките на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес и претстојниот софиски самит.
Министерот информира за календарот на активности од интензивната и набиена агенда на претседателството на Берлинскиот процес: состанок на министри за внатрешни работи (Скопје, 16 октомври 2020 година), состанок на министри за здравство (Скопје, 22 октомври 2020 година), состанок на министерско ниво на теми поврзани со интеграција на Ромите (Тирана, 27 октомври 2020 година), дигитален самит (Тирана, 2 ноември 2020 година), состанок на министри за економија (Софија, 5 ноември 2020 година), состанок на министри за надворешни работи (Софија, 9 ноември 2020 година), лидерски самит (Софија, 10 ноември 2020 година)
Османи ги потенцира клучните резултати од копретседавањето со Берлинскиот процес, при што истакна дека најважен елемент од Берлинскиот процес е неговата силна политичка платформа насочена кон поддршка на европската перспектива на регионот и одржување на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан високо на агендата на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Аеродром и Центар денеска без вода

По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека денеска поради планирани зафати без водоснавбдување ќе останат:
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф- 100мм на ул.Пандил Шишков 9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица на високата зона од број 1 до бр.49 и дел од корисниците на ул.Вангел Тодоровски, Руди Чаевац, и Коста Новаковиќ, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот, општина Аеродром;
· поради изведувње на водоводен приклучок од Ф-400мм на ул.Мирче Ацев, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.Кочо Рацин, Славко Јаневски (по старо Стив Наумов), Тетовска, Славе Георгиевски Шнајдерот и дел од Бул.Крушевска Република, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот, општина Центар.
Македонија
Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност

Претпладне променливо облачно, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и во понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.
Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.