Македонија
Османи: Кримската платформа и програмата за поддршка се доказ дека ОБСЕ останува со Украина
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Осман, имаше свое видеообраќање на самитот на Кримската платформа, на кој беше повторена поддршката што Организацијата за безбедност и соработка во Европа ѝ ја дава на Украина, која се соочува со руската воена агресија од 24 февруари 2022 година, извести МНР.
Како што истакна Османи, овој самит уште една покажува сплотеност и одлучност против воената агресија на Русија.
„Оваа војна претставува закана за сите нас, нашата слобода и нашите демократии. Таа претставува опасност и за нашата Организација. И покрај разните мултилатерални и билатерални напори, продолжува сериозно да ја загрозуваат стабилноста, човечката и севкупната безбедност на целиот регион на ОБСЕ и пошироко. Таа ги уништува животите на многу луѓе во Украина“, рече Османи.
Сепак, како што додава, ваквата состојба може да биде ублажена и надмината преку посветеност на принципите на ОБСЕ и поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.
„ОБСЕ ќе продолжи да ја поддржува Украина во овие тешки времиња. Новата програма за поддршка вклучува помош во хуманитарно деминирање, промовирање на владеењето на правото и ублажување на еколошките и економските влијанија од руската воена агресија. Сите овие мерки се наменети за ублажување на страдањата на луѓето бидејќи тие се во центарот на нашето претседавање со ОБСЕ“, вели Османи и додава дека ова се однесува и на луѓето од Крим, кои исто така го чувствуваат суровото влијание на војната.
Османи во своето обраќање најави дека во својство на претседавач со ОБСЕ уште еднаш ќе ја посети Украина, како и тоа дека ОБСЕ ќе остане посветена и проактивна во својата поддршка за Украина и Украинците преку заеднички ангажман со граѓанското општество и активистите за човекови права.
Османи повтори дека мирното решавање на споровите и почитувањето на човековите права се клучни приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и дека одговорност, како уште еден од важните принципи на ОБСЕ, мора да постои – правдата секогаш преовладува, потенцира Османи во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.
Македонија
Не е за пиење водата во тетовските села Мерово, Луковица и Седларево, како и во прилепското село Ропотово
Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, извести дека од Центарот за јавно здравје ЈЗУ – Тетово добиле информација дека испитаните примероци на вода за пиење од селата Мерово, Луковица и Седларево (Општина Желино) не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа.
„Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се употребува за пиење“, велат од ЦУК.
РЦУК Битола, информира дека од Центар за јавно здравје ЈЗУ – Прилеп е докажана здравствена микробиолошка неисправност на водата за пиење од регионалниот водовод (Општина Долнени) во с. Ропотово и во основното училиште на с. Ропотово.
Македонија
Се’ уште забранета водата за пиење во Струмица
Изречената забрана за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем останува на сила, соопшти Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) по резулатите од анализираните мостри земени на 18 октомври годинава во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор во водоснабдителниот објект – фабрика за вода на ЈКП „Комуналец” Струмица.
Од АХВ информираа дека кај сите мостри претходно зголеменото ниво на манган е во рамки на дозволените вредности, но микробиолошки, четири од земените мостри не ги исполнуваат безбедносните критериуми поради детектирано зголемено присуство на колиформни бактерии во водата.
Целта на контролата беше увид во досегашните активности спроведени од страна на ЈКПД Комуналец од Струмица во однос на спроведувањето добра производствена и добра хигиенска пракса, како и други технички зафати во водоснабдителниот систем.
Во рамки на надзорот, земени се 6 мостри за анализа на водата од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец Струмица и тоа: една мостра од сирова вода која доаѓа од браната, сирова вода од чешма во фабриката, втора мостра на хлорирана/третирана вода за пиење од чешма во фабриката за вода, три мостри вода за пиење од мерните места одредени од ЈПКД Комуналец во нивниот мониторинг план за земање мостри вода за анализа и една мостра вода за пиење земена по случаен избор на инспекторот од водоводната мрежа на ЈПКД Комуналец.