Македонија
Османи на средби со дијаспората во Швајцарија

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, работната посета на Швајцарија ја започна со средби со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората во Вил, област околу која гравитираат поголемиот број на иселеници, која се наоѓа во кантонот Сант Гален.
Од МНР соопштија дека се разговарало за различни теми од интерес на дијаспората, за нивните потреби, но и за можностите за унапредување на комуникацијата со државата, можностите за подобрување на достапноста на услугите кои ги користат граѓаните во странство, како и потенцијалите за нивно враќање во Северна Македонија.
Посебен акцент на средбата бил ставен на спроведување на пописот, кој од 1 март оваа година, се спроведува за оваа категорија на наши државјани, при што Османи ги повика на активна мобилизација и нивно учество во пописот.
„Пописот е наш државен приоритет за да направиме реална слика за распоредот и дистрибуцијата на нашата дијаспора. Овој чекор на државата е можност за сите вас, кои од различни причини се имате иселено од државата, од една страна да воспоставите врска, но и да придонесете кон правилно мапирање на вашите потреби тука“, истакна Османи.
Тој кажа дека иселениците се значаен сегмент од Северна Македонија, кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат.
„Нашите политики ќе бидат ориентирани кон засилена соработка со дијаспората, додека со вашата способност, капацитет, знаење, искуство, амбиција и желба, очекувам да ѝ помогнете на државата, што ќе биде наш заеднички успех и вистинското поврзување, заедно сплотени со иста цел за подобра и поуспешна Република Северна Македонија“, нагласи Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Притвор за шестмината приведни во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во полициска акција со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА.
Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во акцијата беа запленети околу 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра.
При претрес кај еден од осомничените, полицијата пронајде документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели, лоцирани во Прилеп и Битола, по што МВР врши контрола во овие објекти.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска го обвини Трајче Заев – братучед на Зоран Заев за вмешаност со криминалната група, но тој ги негираше тврдењата. И владејачкиот СДСМ реагираше на обвинувањата, комнентирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не можат да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, а институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно.
Инаку, марихуаната која ја заплени македонската полиција требало да заврши во Грција.
Македонија
Владата ги демантира тврдењата дека Заев и Спасовски делеле пасоши на борци на ИСИС

Владата најостро ги демантира, како што вели, лагите на пратеникот Антонио Милошоски, дека Заев и Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС.
Реакцијата на Владата ја пренесуваме во целост.
„Владата на Северна Македонија најостро ги демантира и отфрла како невистинити тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека наводно „премиерот Заев и министерот Спасовски делеле македонски пасоши на терористи од ИСИС“.
Ова е брутална лага која има за цел да ја манипулира јавноста, да попречува случајот да се расчисти до крај и да направи штета на угледот на институциите кои посветено и успешно се справуваат со секаков вид криминал.
Институциите разоткрија случај и сузбија криминална група, чии членови – вработени во управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба издавале македонски патни исправи преку злоупотреба на туѓ идентитет.
Неколку дена пред да бидат соопштени резултатите од акцијата челниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја саботираат акцијата, а тоа го прават и деновиве и со тоа сериозно и неодговорно се обидуваат да го загрозуваат процесот преку доведување на јавноста во заблуда со лаги.
Владата очекува Обвинителството да расчисти со овие обиди за саботажа.
Остануваме посветени на бескомпромисна борба со организираниот криминал и корупција и во таа насока продолжува и соработката со нашите стратешки партнери“, наведе Владата во реакцијата.
Македонија
Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми за прво одделение, како прв чекор во рамки на планот за конкретизирање на имплементацијата на новата Концепција за основно образование со која се предвидува значителна модернизација на базата на националниот образовен систем.
Програмите се објавени на следниот линк.
„За прв пат во нашата земја се изработија наставни програми врз основа на Национални стандарди базирани на компетенции и истите се фокусираат на резултати од учењето. Прецизно е дефинирано какви компетенции (знаења, способности, вештини и ставови) се очекува да стекнат учениците за време на основното образование, а наставникот добива целосна автономија да ја прилагодува наставата кон одделни ученици или групи за целосно постигнување на очекувањата и потенцијалот на секој еден ученик“, велат од МОН.
Оттука наведуваат дека суштински значајно е што наставните програми ќе обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно ќе овозможат реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот секаде каде што е можно, преку одредени можни содржини и активности за нивна реализација. На овој начин, како што наведе МОН, учениците полесно ќе ја разбираат и совладуваат наставната материја. Фокусот е ставен на учење со разбирање кое помага во развој на критичкото мислење и креативноста, наместо досегашното фактографско учење и меморирање податоци.
Исто така, со новите наставни програми предност се дава на формативното, наспроти сумативното оценување што подразбира дека постигањата на учениците ќе се следат на дневна основа, наместо само да се организираат тестирања на крајот на одредени периоди – тримесечје или полугодие.
Работните групи во Бирото за развој на образованието продолжуваат со креирање на наставните програми и за другите одделенија на основното образование. Во меѓувреме, за начинот на примена на новите наставни програми за прво одделение ќе се организираат обуки за наставниците, преку три модули во текот на мај, јуни и август.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш