Македонија
Османи: Очекуваме непречено спроведување на мартовската одлука за почеток на преговорите со ЕУ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видеосредба со својот колега од Република Литванија, министерот Габриелиус Ландсбергис.
Акцентот на средбата беше ставен на европското досие на Северна Македонија, новата методологија за проширување, напорите за усогласување на преговарачката рамка врз основа на почитување на елементарните европски вредности и стандарди сè со цел нејзино усвојување и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
„Принципиелната позиција на Литванија, манифестирана во континуитет за европскиот пат на Северна Македонија, е од особено значење бидејќи европските интеграции за државата значат безбедност, стабилност и економски развој, но се голем придонес и во стабилноста на регионот. Очекуваме непречено спроведување на мартовската одлука за почеток на пристапните преговори и пробивот во таа насока ќе претставува признание за досегашниот ангажман на нашата земја во европските интегративни процеси“, истакна Османи.
Во тој контекст Литванија останува отворена за пренесување на искуство, експертиза и знаење во спроведувањето на европските политики.
За време на разговорот беше реафирмирана благодарноста до Литванија и за поддршката на нашата држава за членството во НАТО, која уште од 2000 година се темелеше на солидарноста, прокламирана како еден од основните принципи со членството на двете земји во Вилнус-групата.
Османи и Ландсбергис ги разгледаа можностите за продлабочување на соработката на билатерален план, особено на полето на економската дипломатија, кризниот менаџмент, ИТ-секторот, како и друга експертска помош. Од литванска страна беше изнесен интерес за учество со експерти во твининг-проекти со акцент на областите јавно финансирање, пазар на трудот, администрација, кибер-безбедност и слично. Заеднички беше оценето дека економската сорабнотка заостанува зад политичката и дека на тоа треба да се работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

