Македонија
Османи: Потребна е Влада што ќе гарантира стабилност и европска перспектива
Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бујар Османи, денес оствари средба со шефот на делегацијата на Европската Унија во земјата, Самуел Жбогар.
На средбата било разговарано за текот на изборите и постизборната атмосфера во насока на политичката стабилност на земјата.
„Во сложени околности под притисок на предизвиците од пандемијата имавме фер, слободни и компетитивни избори, на кои граѓаните покажаа политичка зрелост потврдувајќи ја европската перспектива на земјата“, истакна Османи изразувајќи притоа надеж дека европската перспектива ќе биде потврдена и во постизборниот период при создавањето на новото политичко мнозинство.
„На земјата ѝ е потребна стабилна и функционална влада, со европска перспектива, која ќе може адекватно да се подготви и да ги почне претстојните преговорите со Европската Унија, како и да биде гарант за регионалната стабилност при решавање на важните регионални прашања“, посочи Османи.
Вицепремиерот изрази задоволство од постигнатиот консензус во Европската Унија за повеќегодишната финансиска рамка поздравувајќи го притоа и зголемувањето на средствата предвидени за земјите од Западен Балкан за 10 %.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

