Контакт

Македонија

(Видео) Османи се надева на решение на спорот со Бугарија во јануари, вели дека не се преговара за јазикот

Објавено пред

Односите меѓу Бугарија и Северна Македонија во моментот се на најниско ниво, оцени министерот за надворешни работи во интервју за бугарската Нова ТВ.

dobivaj vesti na viber

Според министерот, сепак, оптимизам влева фактот дека во Бугарија веќе е формирана Влада дека властите од двете земји можат да седнат и да разговараат за сите прашања.

„Првите пораки даваат оптимизам, бидејќи токму тоа го кажавме и самите. Мора да има сеопфатен пристап. Историја – да, важно е, но ние секој ден пишуваме историја, создаваме историја“, коментира Османи.

Министерот смета дека досега не е најдено решение, бидејќи во Бугарија немаше политички кабинет. Сега, вели Османи, навистина нема причина да се даваат долги рокови кога има политички кабинет. И во Република Бугарија и во Република Северна Македонија има стабилно мнозинство и утре можеме да седнеме, да продолжиме со разговорите и во јануари да имаме одлука.

Тој смета дека шесте месеци за решавање на спорот, што ги најави бугарскиот премиер, Кирил Петков се многу долг период за нас, бидејќи не само што државата предолго го чека овој процес, туку и авторитетот на Европската унија во овој регион е исправен пред сериозен предизвик.

Во однос на различните ставови во однос на Македонија во бугарската Влада, Османи изјави дека ја следеле дебатата за формирањето на коалицијата, различните нијанси меѓу различните партии. Сепак, одговорноста е на владата во двете земји, вели Османи. И во Република Северна Македонија има разлики меѓу различните партии.

За Договорот за добрососедство од 2017 година, Османи рече дека тој го предвидува токму она за што зборуваше премиерот Кирил Петков – формирање работни групи кои ќе се фокусираат не само на историјата, туку и на инфраструктурата, економијата, енергетиката.

„Договорот предвидува два инструмента. Една од нив е меѓувладината комисија, која вклучува неколку министри предводени од министри за надворешни работи. Тоа се 6-7 министри од наша страна и 6-7 од ваша страна, со кои можеме најодговорно да разговараме каде имаме напредок, каде немаме и каде треба да се фокусираме во иднина. Овие групи за кои зборува премиерот Петков се всушност враќање на главниот инструмент на Договорот – меѓувладината комисија со сите групи кои се дел од оваа комисија. За жал, веќе една година сакаме да се одржи вториот состанок на меѓувладината комисија, но немаме одговор од Република Бугарија. Ова е најдобрата алатка“, нагласи Османи.

Во врска со бугарското барање јазикот да се вика официјален јазик на Северна Македонија, Османи одговори дека јазикот треба да се вика- македонски јазик.

„Јазикот произлегува од правото на самоопределување во секоја земја. Тие ги препознаваат земјите, а не атрибутите што ги имаат тие земји. Затоа сметаме дека ова не е барање кое треба да биде спор или пречка на патот кон членство во ЕУ. Сметаме дека овој предлог на европското претседателство се однесува на тоа двете земји да имаат свои унилатерални позиции во ЕУ во однос на јазикот, а самата ЕУ да ги прифати двата става, за нас ова е решение на прашањето“, рече Османи.

Османи посочи дека Северна Македонија нема да се меша во внатрешната структура на Република Бугарија во однос на организирањето на нејзините граѓани.

„Република Северна Македонија и Република Бугарија имаат различни структури во однос на етничката организација на граѓаните. Кај нас уставот ги признава етничките заедници. Во уставот стои – македонскиот народ, делови од албанскиот, турскиот, ромскиот итн. Во Бугарија тоа нешто не постои во нејзиниот устав. Нашиот став е дека тоа е прашање за кое самата Бугарија ќе одлучи како да се организира. Немаме намера да се мешаме како ќе се организира Република Бугарија“, нагласи Бујар Османи.

„Во однос на другите прашања – говорот на омраза, работата на историската комисија, вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ, прашањето за рехабилитација на жртвите на комунизмот, краткото и долгото име на државата, одговоривме, но за жал не добивме одговор од бугарска страна“, додаде министерот.

Тој коментира дека на последниот совет во Брисел, како и на претходниот во јуни, 26 земји гласале Албанија и Северна Македонија да почнат преговори, против била само Република Бугарија.

Според него, регионот нема друга алтернатива освен ЕУ. Рече дека почетокот на преговорите не значи членство утре. За ова ќе бидат потребни години. Некој пресметал дека околу 200 пати од почетокот на преговорите до крајот одлуките ќе се носат со компромис. Република Бугарија може 200 пати да го запре патот кон Северна Македонија, додаде Османи.

„Не забораваме дека Бугарија прва ја призна Република Северна Македонија, кога беше Македонија, како независна. Имавме одлична врска. По потпишувањето на договорот за добрососедство имаше зголемување на економската размена за 20-30 отсто, ставовите на луѓето се сменија и наместо да ја користиме оваа енергија за зајакнување на односите, сега односите се на најниско ниво, но нема да се откажеме од партнерството и пријателството“, рече Османи.

Македонија

Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“

Објавено пред

По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.

Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.

Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.

Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.

Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.

ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

Европските официјални лица стравуваат дека американскиот фокус на конфликтот со Иран може да го намали вниманието и воената поддршка за...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: Луѓето што ги гледавме како идни лидери на Иран се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои голема неизвесност околу иднината на Иран по ескалацијата на војната на Блискиот Исток....

Македонија2 часа

Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски. Објавена е јавната набавка,...

Економија2 часа

Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека...

Свет3 часа

Израелски шпиони ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да го испланираат убиството на ајатолахот Али Хамнеи

Израелските шпиони со години ги хакирале речиси сите сообраќајни камери во Техеран за да ги следат движењата на ајатолахот Али...

Свет3 часа

(Видео) Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад...

Свет3 часа

(Видео) Рубио: Нема повредени во иранскиот напад со дрон врз конзулатот во Дубаи

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека сите вработени се безбедни по иранскиот напад со дрон врз комплексот на американскиот...

Македонија15 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија15 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија22 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија22 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија22 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија23 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија23 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија23 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија1 ден

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија1 ден

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет1 ден

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...