Македонија
Осуда за нападите врз новинарите на протестот за „Монструм“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашниот протест против пресудата за случајот „Монструм“, откако физички беше нападната екипата на МИА и новинар на дневниот весник Слободен печат.
Група демонстранти се обиделе да им ја одземат опремата на медиумските работници од МИА. Снимателот бил турнат а неговата опрема оштетена.
Во вториот случај, новинар на дневниот весник Слободен печат бил спречен да ги извршува своите задачи од страна на полициски службеници во цивилна облека кои го извлекле на страна, му ја свиткале раката, безобразно и дрско се однесувале кон него и не го пуштиле додека не го избрише снимениот материјал со изговор дека ги снимал полицајците во лице.
„Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи“, велат од АВМУ.
Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес.
Осуда за нападот стигна вчера и од здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Порачаа дека ваквиот однос кон новинарите потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволиво во демократски земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието денеска ги продолжува 32. и 36 седница

Во Собранието за денеска во 14 часот се закажани две пленарни седници на кои би требало да бидат донесени повеќе закони.
Претседателот Талат Џафери за денеска ги закажа 32. и 36. седница. Најпрво да се донесат законите од 32-рата, а потоа следува 36-тата.
На 32. седница имаше расправии во собранието во четвртокот вечерта, кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата, и не сакаа да се одржи таа седница, туку бараа да се премине на 36. во која требаше да бидат донесени 5. сет мерки за граѓаните и стопантството.
За денеска исто така има најава дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат, за да не се обезбеди кворум. Албанската опозиција, пак, најави дека ќе биде во Собранието.
Од владеачкото мнозинство, пак, најавија дека ако не биде обезбеден кворум, тогаш заразените пратениците ќе бидат донесени со скафандери за да гласаат за законите од 32. седница.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд, на планините од снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До утре на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег. Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Мухамед Халили избран за нов претседател на Советот на амбасадори

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ одржа Годишно собрание на кое беше усвоен Ивештајот за двогодишнната работа на оваа невладина организација под претседателство на амбасадорот Љупчо Арсовски.
За нов претседател е избран амбасадорот Мухамед Халили, а за потпретседатели – амбасадорките Елеонора Петрова и Александра Наќева Ружин. Во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски.
Едногласна оценка на амбасадорите е дека со голема поддршка на македонските медиуми, Советот на амбасадори, за релативно кус период се промовира во јавноста со објективност, јасни гледишта и ставови низ принципиелен пристап за да информира непосредно во еден простор кој досега не бил соодветно и на ваков начин презентиран.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш