Македонија
Електронска адреса за пријавување прекршување на правата на граѓаните за време на пописот

Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на пописот за целиот период на неговото времетраење од 1 март до 21 април.
За таа цел, секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата [email protected].
Народниот правобранител, по поднесената претставка, ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС во опозиција, а доказ за тоа е бегството на Васко Ковачевски заради милионски криминал

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција.СДС никако да се помири со фактот дека веќе се опозиција и дека не можат да местат матни тендери во енергетиката, од кои длабоко профитираа, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Ако заборавиле, да ги потсетиме, нивниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е во бегство за сторен милионски криминал, токму од такви матни тендери договорени во четири очи.
СДС се тие коишто ЕСМ го наследиле со 20 милиони евра на сметка, а за седум години, токму поради нивните матни тендери наместени во четири очи, го оставија со минус од 80 милиони.
Договарањата зад затворени врати за лични интереси на СДС и на нив блиските, го доведе енергетскиот сектор до фаза на целосно уништување, додека нивните профитирале милиони.
Додека сега, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи Македонија да ја на направи енергетски независна и земја раскрсница за набавка и транзит на енергенси.
Дел од реализацијата на тој план е и инвестицијата на ветерниот парк на компанијата „Алказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари, која претставува една од најголемите енергетски инвестиции од независноста“, се вели во партиската реакција.
Македонија
СДСМ: Дали „Алказар енерџи“ има дозвола за градба

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека во енергетскиот сектор се случуваат нетранспарентни зделки и побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали компанијата „Алказар енерџи“ поседува одобрение за градба.
Пратеникот Јовица Јанковиќ истакна дека јавноста не знае ништо за најавените инвестиции во енергетиката, кои, според ВМРО-ДПМНЕ, тежат над 1.5 милијарда евра. СДСМ побара конкретни информации за јавниот интерес, цената на струјата и бенефитот за граѓаните.
Јанковиќ рече дека државната ЕСМ произведува сѐ помалку струја, додека приватни компании како „Казанџи“ и „Алказар“ добиваат поголем удел, со што, според СДСМ, се загрозува јавниот интерес.
СДСМ повторно побара јавно објавување на дозволата за градба за „Алказар енерџи“ и повика надлежните институции да го истражат случајот.
Македонија
Мицкоски: Имаме 16 нови авиолинии, за повеќе од 20 проценти е зголемен број на странски туристи

Апсолутно сум задоволен. Имаме 16 нови дестинации. Буџетот за субвенционирање е зголемен на 250-260 милиони денари оваа година, а истиот ќе биде и следната година. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови.
Премиерот рече дека резултатите се видливи и во секторот туризам, бидејќи како што посочи за повеќе од 20 проценти е зголемен бројот на странски туристи во државата во првите 5 месеци од годината.
„Впрочем резултатите се гледаат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20 проценти зголемен број на странски туристи во првите 5 месеци од годината. И ова се субвенции на доаѓање, практично на тие летови, не на заминување, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи“, нагласи Мицкоски.