Македонија
Отворена нова градинка во Лозово
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска присуствуваше на отворањето на новата детска градинка „Срцко“ во општина Лозово. Таа изрази големо задоволство што токму на Светскиот ден на човековите права, 10 Декември, отворањето на новата градинка е во знак на почитување и вреднување на еднаквоста на сите граѓани во нашата држава, вклучително и децата.
„Денес, на Светскиот ден на човековите права, потврдуваме дека за нас – сите граѓани се еднакви, дека за нас – сите граѓани треба да уживаат исти права, вклучително и децата. Децата во Лозово ќе имаат исти услови како децата во големите градови. Инвестираме во предучилишното образование затоа што тоа ја гради основата на еден млад детски организам, кој понатаму во текот на своето образование треба да прерасне во градител на нашата татковина“, изјави министерката Шахпаска.
Градинката „Срцко“ има капацитет да згрижи 32 деца, поделени во две групи. За нејзина изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика инвестира околу 13 милиони денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

