Македонија
„Отворен Балкан“ во Охрид, ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка

Денес, во Охрид ќе се одржи работниот дел од самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ по пристигнувањето на лидерите на земјите од иницијативата вчера напладне.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и претседателот на владата на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, беше пречекан од Методија Димовски, генерален секретар на Владата, а претседавачот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, во Охрид пристигна порано.
Според агендата на самитот „Отворен Балкан“, ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за заемно признавање дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.
Полицијата апелира граѓаните да ги користат автомобилите само во исклучителни случаи
Во согласност со преземените безбедносни мерки поради присуството на високи гости на самитот, и денеска во Охрид има посебен сообраќаен режим.
Како што информираа од охридската полиција, активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа, како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, со јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.
Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сè, на булеварот Туристичка, но и на другите патишта и сообраќајници, каде што не е дозволено запирање или паркирање моторни возила и каде што се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.
Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и другите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.
СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат за време на самитот „Отворен Балкан“, а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаи или да користат алтернативни превозни средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во која се движи партијата. Како што наведе во објава на социјалните мрежи, одлуката е донесена „од чесност и срце“, со уверување дека СДСМ треба да се врати „таму каде што и е местото“.
Костадинов порача дека во моменталната политичка состојба не гледа реална понуда и визија за градот, додавајќи дека не сака да се кандидира „по инерција“ или без конкуренција. Тој нагласи дека во изминатите 11 години не изгубил ниту едни избори и дека секоја негова победа била победа за Струмица.
Во своето обраќање, Костадинов ги потенцираше реализираните проекти во Струмица, како електричниот јавен превоз, велосипедските патеки, нови паркови.
Иако го замрзнува членството, тој изјави дека останува социјалдемократ по вредности, но и дека „не може да молчи“ кога гледа немање став и храброст кај раководството на СДСМ.
Најави и создавање ново интерпартиско делување кое ќе биде презентирано по локалните избори, а за кое вели дека ќе има „целосно прецизна стратегија“ со цел обединување авторитети.
Костадинов најави дека конечната одлука за неговото идно делување ќе ја соопшти по завршување на локалните избори.
СДСМ денес соопшти дека за нов градоначалник на Струмица ќе го кандидира претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски.
Македонија
СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори.
Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини, додека пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.
Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев. Кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација,Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација. Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски.
Филипче изјави дека процесот на селекција, исто како и претходниот, ги следел истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори со членови на општинските организации.
Македонија
Македонија на листата на држави со највкусна храна во светот

Популарниот гастрономски водич Taste Atlas објави листа од 100 држави со најдобра храна во светот, а Македонија е во првите 50.
Државата се наоѓа на 47 место на листата со просечна оценка од 4,16.
Целта на водичот е да препорача кои држави и градови треба да ги посетат љубителите на храна од врвен квалитет.
View this post on Instagram
На самиот врв се Грција, Италија, Мексико, Шпанија, Португалија и Турција.
Од земјите од регионот на 15 место е Србија, 17 е Хрватска, а на 33 место е Бугарија.