Македонија
Отворен групен дом за лица со попреченост во Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, Горан Петрушев, и директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска, денеска присуствуваа на отворањето на групен дом во Скопје, во кој се сместени деинституционализирани лица од Специјалниот завод Демир Капија.
Градот Скопје се вклучува во поддршката на лицата со најтежок облик на интелектуална попреченост или комбинирани пречки кои се дел од овој групен дом и преку соработката со Сојузот на дефектолози обезбедува 24-часовна нега од негуватели.
„Упатувам благодарност до Министерството за труд и социјална политика зашто го внесовме нашето општество во еден сосема поинаков циклус – деинституционализација на лицата со потешка интелектуална и физичка попреченост. За Градот Скопје, кој учествува во овој проект, е предизвик повеќе, затоа што секој човек има право на топол дом и домашна атмосфера. Суштината е овие лица да ги донесеме во локалната заедница од каде што потекнуваат, со цел заедно со специјализираните едукатори да ја почувствуваат таа топлина зашто тоа се стандардите кон кои тежнееме. Нам секој човек ни е важен, секој човек има право на нормални услови за живот и за развој. Токму ваквите дневни центри се начинот на којшто институционализирањето на овие лица како еден целосно застарен систем конечно ќе го снема од нашата држава и заедно со граѓанските асоцијации, заедно со специјализираните лица за кои помагаме да се стекнат со потребните квалификации да овозможиме сосема поинаква грижа и социјална заштита. Чекор по чекор ги решаваме проблемите кои со години беа напластени“, рече денеска градоначалникот Шилегов.
Групниот дом за лицата со потешка интелектуална и физичка попреченост е сместен во центарот на градот, во близина на Католичката црква.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.