Македонија
Павле Трајанов засега не знае како ќе гласа на седницата за избор на нови министри и заменици

Се уште е под знак прашалник поддршката од лидерот и пратеник на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, за изборот на новите министри и замениците во Владата. Партијата нема изградено став за тоа како ќе делува за време на гласањето на седницата која треба да започне попладнево. Трајанов за „Макфакс“ вели дека одлуката ќе ја донесат партиските структури.
„Денеска попладне ќе имаме расправа во партијата, претседателство и централен совет, тогаш ќе го изградиме конечниот став. Засега нема ни да се гласа, далеку сме од гласање“, вели Трајанов.
Собраниската седница каде на дневен ред ќе се најдат предлозите за разрешување на членови на Владата, избор на нови, разрешување на замениците министри и именување на други, започнува попладнево. Ова доаѓа откако Алијанса за Албанците се приклучи во Владата, додека Алтернатива реши да излезе од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, и рече претседателот на девојка додавајќи дека состојбата е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплашат семејствата. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови некаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
„Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
На протестот во Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.
Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења. Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.
Во СВР Скопје и СВР Тетово, за случајот, се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.
Македонија
„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.
На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.
Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.
Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.