Македонија
Павле Трајанов поднесе иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на измените на Кривичниот законик

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска, до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на уставноста на последните измени на Кривичниот законик, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се предвидува декриминализација на кривичното дело поврзано со јавните набавки на штета на државата.
Во иницијативата се укажува на обврската уставните одредби за владеење на правото и законите да важат еднакво за сите, како и на потребата од заштита на државниот имот од злоупотреби на носителите на јавни функции.
Се очекува Уставниот суд по службена должност да донесе привремена мерка за одложување примена на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука за иницијативата, велат од Демократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајна несреќа на патниот правец Кавадарци – Прилеп, сообраќајот во прекин

АМСМ информира дека сообраќајот на патниот правец Кавадарци – Прилеп е во прекин.
Од таму велат дека прекинот е поради сообраќајна незгода.
Прекинот ќе трае до завршување на увидот.
Македонија
СВР Битола апелира до граѓаните да не палат стрништа и земјоделски површини

Битолската полиција апелира до граѓаните на подрачјето Битола да не се пали оган на отворен простор откако деновиве настанаа неколку пожари како последица од намерно запалени стрништа.
-Апелираме да не се пали оган на отворен простор, да не се палат стрништа, земјоделски површини, отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња. Доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор најбрзо што може да го пријават во надлежните институции, апелираат од СВР Битола.
Македонија
Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции при американскиот Стејт Департмент.
На средбата се разговараше за текот и за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на нашата држава, за реформскиот напредок, како и за политичките состојби во земјава и во регионот. Соговорниците се согласија дека е потребно да се одржи фокусот на реформите, како и подготвеноста за водење на преговорите со Европската Унија.
На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија, при што претседателот Пендаровски се заблагодари на американската поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ како стратешка определба на македонското општество.