Македонија
Општина Центар паркот зад Универзалната сала ѝ го посвети на Русија

Градоначалникот на oпштина Центар, Саша Богдановиќ, и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, денеска засадија 10 садници од видот јавор и со овој чин ги најавија хортикултурното уредување на паркот и идејното решение за реконструкција на детското игралиште зад Универзалната сала.
Паркот ќе биде именуван како „Парк на сеќавањето“, а Општина Центар овој простор ѝ го посветува на Руската Федерација во знак на пријателство и во чест на одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот.
„Благодарност до рускиот амбасадор Сергеј Баздникин и до Руската Федерација за поддршката на активностите на Општина Центар и преку овој симболичен чин сакаме да пратиме пријателска порака, која ќе остане во сеќавање на граѓаните и идните генерации“, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Во мај годинава Општина Центар со поддршка од руската амбасада постави нов споменик, лоциран на реконструираната улицата 9 Мај во Центар во чест на милионите војници кои пожртвувано ги дадоа своите животи во војната за повторно враќање на светскиот мир, слободата и демократијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.