Македонија
Пендаровски: Вселенската патријаршија ја препознa реалноста на нашата жива православна Црква
Претседателот Стево Пендаровски, по повод признавањето на каноничноста на нашата Црква од страна на Вселенската патријаршија, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г. г. Стефан.
„Со голема радост ја примив веста за историската одлука на Светиот и севишен синод на Вселенската патријаршија и на Неговата Божествена Сесветост, вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Дозволете ми, вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед да ви ја честитам веста за признавање на каноничноста на нашата Црква од страна на мајката Црква.
Со оваа важна одлука се исправа долгата историска неправда нанесена врз нашата Црква и нејзините верници и се исцелуваат длабоките рани поради децениите изолација со кои се соочи возобновената Охридска архиепископија. Примајќи ја нашата Црква во евхаристично општење, Вселенската патријаршија ги избриша вештачки создадените поделби и го отвори просторот за градење духовно единство на православните верници.
Со ваквиот чекор патријархот Вартоломеј и Вселенската патријаршија не само што ја препознаваат реалноста на нашата жива православна Црква туку го признаваат и нејзиниот историски континуитет со древната Охридска архиепископија, која низ вековите била прибежиште и извор на духовна сила и надеж за православните верници“, се наведува во честитката на претседателот на државата, во која се изразува надеж дека оваа одлука отвора можност за духовен раст на нашата Црква и за напредок и помирување во македонското општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

