Македонија
Пендаровски на првиот училиштен ден го посети училиштето „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје
Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на почетокот на новата учебна година, го посети најстарото училиште во нашата држава, ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Центар во Скопје и присуствуваше на свечениот прием приреден за првачињата.
Претседателот беше информиран за воспитно-образовниот пристап на училиштето, кое се издвојува како пионер во повеќе области, а во кое настава следат ученици и со атипичен развој и се негуваат мултикултурните и мултиетничките вредности на нашето општество.
На првиот училиштен час претседателот Пендаровски на првачињата им посака успешна учебна година изразувајќи уверување дека, освен тоа што ќе стекнат нови знаења и искуствa, училиштето ќе им овозможи да воспостават и изградат другарства што ќе им бидат исклучително важни во иднина. Претседателот упати честитки и до наставниот и стручниот кадар во училиштето за нивната креативност и посветеност, како и за инклузивниот воспитно-образовен процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

