Контакт

Македонија

Пендаровски на средба со амбасадорите на Јапонија и на Холандија

Објавено пред

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и го прими амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Вaутер Пломп.

Двајцата амбасадори му упатија честитки на претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата, му посакаа успешна работа и изразија уверување за унапредување на односите на Република Северна Македонија со нивните држави во периодот што претстои.

На средбата со амбасадорката Кеико Ханеда, претседателот Пендаровски го истакна значењето на Јапонија за стабилноста, просперитетот и развојот на Република Северна Македонија и на поширокиот регион. Како земја која е докажан пријател на Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно продлабочување на односите меѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, особено на економски план.

На средбата со холандскиот амбасадор Пломп, претседателот Пендаровски ја истакна значајната улога што Кралството Холандија ја има преку директно помагање на процесите на европска трансформација на Република Северна Македонија. Двајцата соговорници оценија дека меѓу двете земји постои континуирана и тесна соработка во повеќе области од заемен интерес, што е во полза на граѓаните на двете држави.

Пендаровски изрази очекување за валоризација на постигнувањата на Република Северна Македонија преку одредување датум за почеток на преговори со Европската Унија во јуни, истакнувајќи дека поддршката на Кралството Холандија е клучна, како земја основач на Европската Унија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет13 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized18 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет40 минути

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized53 минути

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...

Македонија1 час

Денеска заладување и дожд, потоа повторно сонце

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, а локално врнежите ќе бидат проследени со невреме,...

Свет12 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет12 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....

Свет12 часа

Погоден клучен нафтовод во Саудиска Арабија

Проектили вчера погодиле клучен нафтоводен систем во Саудиска Арабија, потврдија двајца американски претставници запознаени со ситуацијата, објави Си-ен-ен. Првичните анализи...

Свет13 часа

Кина со амбициозна цел: 70 отсто од новите автомобили да бидат електрични и хибридни до 2030

Кина постави цел до 2030 година електричните и хибридните возила да сочинуваат 70 отсто од продажбата на нови автомобили, а...