Македонија
Пендаровски попладнево ќе се обрати на 75. Генерално собрание на ОН
Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видеопорака ќе се обрати на Генералната дебата во рамки на 75. Генерално собрание на Обединетите nации.
Поради пандемијата од Ковид-19, годинава Генералното sобрание се одвива без физичко присуство на светските лидери во седиштето на Обединетите nации во Њујорк.
Видеопораката ќе биде емитувана во салата на Генералното sобрание на ОН, каде што ќе бидат присутни претставници на секоја од земјите членки.
Предвидено е обраќањето на претседателот Пендаровски да биде емитувано на сесијата што започнува во 15:00 часот по средноевропско време.
Темата на 75. сесија на Генералното sобрание на ОН е „Иднината што ја сакаме, Обединетите нации што ни требаат: Потврдување на нашата колективна посветеност на мултилатерализмот – соочување со Ковид-19 преку ефективна мултилатерална акција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова по повод 8 Септември: Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме
Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, во која посочува дека наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес.
-На 8 септември 1991 година, македонските граѓани, користејќи го правото на самоопределување, ја изразија својата волја и во огромен број го дадоа својот глас за суверена и самостојна македонска република. Освен на референдумското ливче, таа волја беше изразена и преку озарените лица на илјадниците граѓани спонтано собрани на плоштадот „Македонија“, каде што со голем ентузијазам и надеж за иднината ѝ се радуваа на независноста, стои во честитката.
Со тој чин, додава претседателката, тие, ние, македонските граѓани, на мудар, демократски и мирољубив начин, во согласност со Повелбата на Обединетите нации, ја напуштивме федерацијата што се распаѓаше и зачекоривме во новата етапа на македонската државност.
-Заокружувајќи го делото на илинденците и на асномците, ја превзедовме одговорноста да градиме модерна, европска, правна држава која ќе обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот. Триесет и три години подоцна, ентузијазмот и надежта се, за жал, засенети од бројните предизвици со кои се соочивме како држава, од надворешни притисоци и непринципиелни блокади, преку внатрешни поделби, па сè до политички и безбедносни кризи. Низ годините имавме и успеси и грешки, и подеми и падови. Пропуштените можности, сеприсутната партизација и политизација и хроничната корупција ги отуѓуваат граѓаните и ги иселуваат младите, нагласува Силјановска Давкова во честитката.
Таа натаму посочува дека наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес.
-Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење, што ќе им дава еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани, република што ќе биде грижлива кон најдобрите, инклузивна кон различните, солидарна кон ранливите и праведна кон сите, наведува претседателката во честитката.
Истакнува дека само со европеизација на државата, со владеење на правото и со борба против корупцијата, со функционални институции и со компетитивна економија и систем на заслуги ќе им овозможиме на младите генерации, правото на потрага по среќа да го остварат дома, во заедничката татковина, во која ќе работат, ќе основаат семејства и ќе создаваат иднина.
Македонија
Денес се одбележуваат 33 години од независна Македонија
Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ денеска со повеќе активности во организација на Владата, се одбележува Денот на независноста – 8 Септември.
Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје. Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.
Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.
На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Настанот, како што најавуваат од владината прес-служба, е дел од пошироката иницијатива на Владата за подигање на свеста за значењето на независноста и заедничката борба на граѓаните за подобра иднина.
По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска, составена од пратениците Каролина Насковска и Митко Трајчулевски, денеска ќе положи венци свежо цвеќе пред вечното почивалиште на првиот претседател на Републиката, Киро Глигоров, вечното почивалиште на поранешниот претседател на Републиката, Борис Трајковски, вечното почивалиште на првиот претседател на Владата, Никола Кљусев и пред Споменикот на паднатите борци на НОБ.
Активностите стартуваа синоќа со почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје.
Низ 33-годишното самостојно опстојување, државата помина низ низа проблеми и тешкотии. Троцифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат.
Спорот со Грција поради името, по долгогодишни разговори под покровителство на Обединетите нации, конечно беше решен на 17 јуни 2018 година во Преспа со попишување договор меѓу двете држави. Со тоа се отвори патот на земјава кон НАТО и ЕУ. На 27 март 2020 година Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Како земја кандидат за членство во ЕУ веќе 18 години, со добиена прва препорака за почеток на преговори во 2009 година, државава сега се соочува со блокада од Бугарија
Македонија
Сончево време со услови за дожд и грмежи попладне
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд ( над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, особено во вторник.