Македонија
Пендаровски со порака по повод јубилејот на „Златно Славејче“: Создавате хитови кои се паметат со генерации
По повод одржувањето на 50. издание на фестивалот „Златно Славејче“, претседателот Стево Пендаровски, како покровител на фестивалот упати порака за јубилејот, посакувајќи им успех на сите учесници, во која истакна:
„Веќе половина век фестивалот ‘Златно славејче’ е дел од музичката лектира на најмладите. Илјадници песни за деца беа промовирани на изданијата на фестивалот, а за многу наши музички ѕвезди значеше и почеток на музичката кариера. Хитовите компонирани и отпеани на ‘Златно Славејче’ се популарни до денес, а многу од возрасните ги паметет уште од своите детски денови.
Пандемијата на Ковид-19 која ги зафаќа сите сфери на нашето живеење и сите сектори во општеството, влијаеше и на одржувањето на фестивалот, која е најстара и најомилена музичка манифестација за деца кај нас, со која растеа многу генерации. Иако годинава програмата е изменета и скратена, ме радува што фестивалот не потклекна, и оваа година ‘Златно Славејче’ се одржува на отворено, во согласност со здравствените протоколи за заштита од ширењето на вирусот.

Како покровител на ‘Златно Славејче’ ќе продолжам да давам поддршка за развој на креативноста и талентот на најмладите. Негувајќи ги овие вредности, децата ќе израснат во квалитетни поединци со коишто како држава ќе се гордееме. Ви посакувам успешно издание на фестивалот, многу хитови и одлични настапи.
Го честитам 50-годишниот јубилеј и посакувам фестивалот да живее уште многу децении“, се вели во пораката на македонскиот претседател.
Првото издание на фестивалот „Златно славејче“ се одржал на 23 мај 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Оттогаш традиционално, веќе 50 години се одржува во рамки на одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје, 13. ноември.
Во рамките на фестивалот е постојаниот хор, „Златно славејче“, што ги придружува пејачите на сцената.
Традиционално, првиот ден од секое издание на фестивалот има хуманитарен карактер и е наменет за децата со попреченост.
На „Златно славејче“ не се доделуваат награди за учесниците, бидејќи овој фестивал нема натпреварувачки карактер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

