Македонија
Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни фаворити од партијата за кандидат за градоначалник и носител на листа за Скопје од редовите на ЛДП.
Оваа одлука, неофицијално, била донесена на вчерашната седница на Централниот одбор на партијата, каде што мнозинството гласови одлучиле во трката да се приклучат овие партиски кадри.
Ристо Пенов е познат на јавноста како искусен политичар, кој беше градоначалник на Скопје во два мандата, од 1996 до 2005 година, период во кој иницира и реализира повеќе значајни инфраструктурни и урбани проекти во главниот град. Познат е по својот умерен и принципиелен стил на политичко дејствување.
Никола Пановски, еден од водечките експерти во областа на јавното здравство, стана пошироко препознатлив по своите стручни ставови и анализи за време на пандемијата на ковид-19, при што јавно укажуваше на проблемите во здравствениот систем. Во последните години е активен и во политичкиот живот како член на Советот на Град Скопје, каде што настапува критички и со барања за отчетност и одговорност во управувањето со градот.
Освен Пенов, Либерално-демократската партија (ЛДП) во текот на годините имаше повеќе истакнати кадри, кои остварија значајни успеси на локалните избори, особено во Скопје и некои од општините во државата, како што беа Андреј Жерновски во Центар, Стевче Јакимовски во Карпош, Аце Коцевски во Велес, Марјан Костадинов во Виница и многу други локални политичари, кои оставиле трага во локалната политика во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.