Македонија
Петмина починати и 127 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.574 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-43, Куманово-11, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-4, Струга-5, Велес-1, Битола-1, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-3, Струмица-5, Крива Паланка -5, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Делчево-7, Кичево-2 и еден во Кратово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од Скопје-37, Штип-6, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци -1, Гостивар-14, Крива Паланка-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3 и двајца од Кичево.
Починати се 5 лица, пациентка од Куманово (61), пациент од Штип (81), двајца пациенти од Гостивар (76 и 81 година) и еден пациент од Прилеп (53). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.235. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 6.097, активни 761
• Куманово 1.533, активни 287
• Дебар 260, активни 29
• Штип 1.176, активни 108
• Прилеп 518, активни 150
• Тетово 1.244, активни 120
• Струга 592, активни 62
• Велес 276, активни 24
• Битола 222, активни 39
• Охрид 358, активни 43
• Кавадарци 189, активни 50
• Гостивар 817, активни 140
• Гевгелија 58, активни 33 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 80, активни 28
• Крива Паланка 59, активни 19
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 157, активни 30
• Пробиштип 89, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 75, активни 8
• Пехчево 35, активни 28
• Берово 67, активни 51
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 30
• Делчево 89, активни 67 (24 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 22, активни 6
• Свети Николе 298, активни 42
• Кичево 281, активни 42
• Ресен 147, активни 1
• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 156.522 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89, а на кислородна поддршка се 47 пациенти.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни и суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 лица.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини, врз основа на денешните податоци е следна:
• Чаир – 88
• Гази Баба – 82
• Аеродром – 109
• Карпош – 81
• Центар – 77
• Кисела Вода – 83
• Ѓорче Петров – 44
• Бутел – 50
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 15
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-13
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства
Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот овчар Трајко Бојковски од селото малотино, Старо Нагоричане, осомничен дека е серириски убиец. Обвинителството ја прошири истрагата за уште едно кривично дело – убиство, за кое е предвидена казна доживотен затвор, извести денес обвинителот Љубомир Лапе.
Обвинителството веќе обезбеди докази за две убиства и еден обид за убиство со ДНК анализи кои посочуваат кон 25-годишникот, кој е во притвор. Сите жртви се од истиот регион и според Обвинителството, нема докази за сексуално насилство. Дадени се наредби за психијатриско вештачење на осомничениот и сè уште не е утврден мотивот за убиствата.
За расчистување на случајот дадени се наредби на МВР да ги извади сите можни пријави, поплаки, телефонски јавувања, очевидци за настаните поврзани со осомничениот кој од СВР Куманово веќе има кривична пријава за две тешки кражби.
Кумановската обвинителка Теута Рамдани потсети дека истрагата за Бојковски почна по пријава од 83- годишна жена која успеала да преживее напад од осомничениот.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Во минатото, географијата ги одредуваше можностите, а денес знаењето и храброста ги надминуваат границите
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на 24-часовната виртуелна конференција на Women in Tech, глобална организација насочена кон поттикнување на инклузија, разновидност и еднаквост на жените во STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).
Во обраќањето, Сиљановска-Давкова ја опиша конференцијата како „невидлива линија што го поврзува светот од една временска зона до друга, од еден континент до друг“, нагласувајќи дека ако некогаш географијата ги одредувала можностите, денес знаењето и храброста ги надминуваат границите.
Според неа, жените повеќе не се исклучок во технолошките процеси, туку нивни креаторки: истражувачки умови, основачки на стартапи, инженерки и визионерки, кои ја градат инфраструктурата на иднината.
Таа потсети дека секој напредок е плод на споделено знаење и солидарност и дека кога една жена успева, отвора простор за другите, а кога создава, ги проширува нивните хоризонти.
Обраќајќи им се на младите девојки, претседателката порача дека „иднината не е однапред напишан код“, туку се гради со љубопитност, креативност и визија.
На крајот, таа укажа дека технологијата мора да биде водена од етика, емоционална интелигенција и човечко достоинство, додавајќи дека вистинскиот напредок се мери не само со иновации, туку и со вредности.
Конференцијата, во траење од 24 часа, се одржа во текот на вчерашниот ден, поврзувајќи илјадници жени од различни континенти, кои преку знаење, искуство и солидарност испишуваат заедничка женска глобална приказна.
Македонија
Македонско-француското партнерство и ЕУ-перспективата во фокус на средбата Карапејовски – Ле Риголер
Координаторот на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Карапејовски, оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со Карапејовски разговараа за долгогодишното македонско-француско пријателство и соработка, особено на планот на културата.
Карапејовски го истакна придонесот на македонските образовни институции во промоцијата на францускиот јазик и култура и му се заблагодари на амбасадорот за поддршката што ја дава Франција во различните области на меѓудржавната соработка. Тој ги истакна приоритетите на ЗНАМ во Собранието, програмските заложби и специфичната функција на партијата и на пратеничката група како дел од владејачкото мнозинство, каде што функционира и како коректив на власта.
Во врска со евроинтеграциите, беше реафирмирана поддршката на Франција на патот на Македонија кон Европската Унија. Координаторот на ПГ на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија го истакна ставот на пратеничката група и силната заложба за исполнување на обврските од реформската агенда во процесот, како клучен чекор во пристапувањето.

