Македонија
Петрушевски: Власта сака да ја политизира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Власта предводена од ова парламентарно кревко мнозинство на Зоран Заев сака брутално да ја политизира и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција.
Тој рече дека обидите за целосна контрола на оваа власт во секое поле на дејствување го дистигнува врвот.
„Со новиот предлог-закон за изменување на законот за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги кои ова парламентарно мнозинство сака да го протне во Собранието, и тоа по скратена постапка, се предвидува целосна контрола на СДСМ и коалцијата на ова тело. Преку овој предлог-закон власта сака целосна цензура и контрола на медиумите во Македонија. Ова го нема ниту во најтоталитарните режими во светот. Со измените на овој закон власта сака изборот на членовите на оваа агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се избираат со мнозинство на пратеници во Комисијата за избори и именување, како и при гласање на овој предлог за изменување на законот во Собрание“, рече Петрушевски.
Во однос на овој закон, Власта предлага изборот на членови на ова тело да се врши со 61 пратеник во Собранието, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека потребно е двотретинско мнозинство.
„Пратеници од власта на нивна иницијатива предлагаа пред неколку години изборот на членови да биде со двотретиско мнозинство, за сега истите тие пратеници да се предлагачи на новите измени на овој Закон. Ова е уште еден од многуте докази за лицемерните политики на СДСМ во текот на изминатите години“, додаде Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

