Македонија
Повисоки плати за вработените во МВР од септември
Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, Oливер Спасовски, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти.
Kaко што информираа од Владата по седницата, покачувањето би стартувало со платата од септември 2022 година.
Претходно треба да пристигне известување од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември, како и барање на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителите бараат Собранието да ги повлече измените за нивните плати, се жалат дека им се најниски во регионот
Здружението на јавни обвинители бара Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предложува изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати.
„Врз основа на одлука на Собранието и на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, донесена на 24.02.2026 година, упатуваме итна јавна реакција со која бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“, велат од Здруженито.
Според нив, за ова постојат пообјективни причини и велат дека јавните обвинители се свесни за сложената економска состојба која се наоѓа во државата и за потребите на ефикасна мерка за штедење.
Сепак, велат од таму, мора да нагласиме дека во согласност со член 2 од Законот за плати на јавниот обвинител, платата на јавниот обвинител не може да се намали со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност.
„Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичното гонење и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените надоместоци за сложеност на трудот со години не им се даваат поради недостаток на средства во Буџетот. Исто така, функцијата на јавниот обвинител е неспоива со извршувањето на законот со која било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и се движи од минимум 90.000 до максимум 130.000 денари. Значи вакви износи им беа исплатени на македонските јавни обвинители апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“, велат од Здруженито.
За споредба, велат делка платите на обвинителите во Србија се движат од 1.600 – 4.000 евра, во Црна Гора од 1.600 – 4.700 евра, во Албанија од 1.600 – 3.000 евра, во Бугарија просечната плата е 3.000 евра плус годишно бонус, а во Македонија од 1.500 – 2.100 евра.
Од Здружението велат дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенирало со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите.
„Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање не е се уште донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите. Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“, се наведува во соопштението на Здружението на јавни обвинители.
Македонија
(Видео) „Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено“, вели Кузеска
„Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ“, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.
Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.
Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“.
Епа како донеле одлука во Обвинителството?
Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?
Сè е јасно.
Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.
Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби? Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.
Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио. Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се. Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има!“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
Македонија
Обвинителите бараат итно да се повлече од дневен ред точката за намалување на нивните плати: се загрозува независноста со економски притисок
Здружението на јавните обвинители утрово испрати итка рекација до Собранието во која бараат да биде повлечена од дневен ред на денешната седница точката за изменување на Законот за платите на јавните обвинители која предвидува намалување платите. Обвинителите сметаат дека потребата од измена на Законот треба да биде детално преиспитана.
„Јавните обвинители се свесни за сложената економска ситуација во која се наоѓа државата и за потребата од ефикасни мерки за штедење. Меѓутоа, мора да нагласиме дека согласно член 2 од Законот за платите на јавните обвинители, платата на јавниот обвинител не може да биде намaлена со закон или одлука на државен орган, освен при утврдена дисциплинска одговорност. Јавните обвинители извршуваат сложена и одговорна работа и го носат товарот на кривичниот прогон и тоа без соодветни материјални услови и доволна стручна поддршка. Законски предвидените додатоци за сложеност на трудот со години наназад не им се исплаќаат поради недостаток на средства во Буџетот. Исто така, функцијата јавен обвинител е неспојлива со извршувањето на каква било друга функција или дејност. Поради тоа, платата е единствен приход за јавните обвинители и таа се движи во распон од минимални помалку од 90.000 до максимални 130.000 денари. Со вакви износи платите на македонските јавни обвинители се апсолутно најниски во регионот, а со останатите европски земји не можат ниту да се компарираат“, стои во реакцијата на обвинителите.
Наведуваат дека платите на обвинителите во Србија се од 1600 до 4.000 евра, во Црна Гора обвинителите земаат од 1.600-4.700 евра, во Албанија од 1.600 до 3.000 евра, во Бугарија просекот е 3.000 евра, а обвинителите во Македонија имаат плати од 1.500 до 2.100 евра.
Обвинителите во реакцијата велат дека чувствуваат обврска да го известат Собранието дека Уставниот суд, на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, веќе има донесено решение У бр.71/25 од 24.12.2025 година со кое поведе постапка за оценка на уставноста на последните измени на Законот за платите на јавните обвинители, со кои веќе се интервенираше со намалување на коефициентите и ограничување на порастот на платите.
„Иако конечната одлука на Уставниот суд за ова прашање сè уште не е донесена, имаме обврска да укажеме на штетните правни последици доколку со ново законско решение дополнително се продлабочат оспорените недоследности. Оценката на уставноста на претходните законски измени се проверка на уставната усогласеност и на измените кои сега се предлагаат, бидејќи повторно при иста методологија на пресметка на плати, се намалуваат коефициентите со што всушност се влијае за намалување на платите. Сметаме дека тоа е противуставно и незаконито решение со кое се загрозува независноста на јавните обвинители преку економски притисок, од кои причини, како што наведовме погоре, бараме оваа точка да биде повлечена од дневниот ред, а потребата од измена на Законот во предложената насока да биде детално преиспитана“м наведуваат обвинителите во итната реакција.
Пратениците Бојан Стојаноски Ѓорѓија Сајкоски предложија менување на коефициентите за пресметка на функционерските плати со што тие ќе се намалат, а ќе се спречи и нивен понатамошен раст.

