Македонија
„Повисоки плати за сите вработени во образованието за 12 проценти, во еден мандат зголемување ќе има од 46 до 60 отсто со цел модерно и квалитетно образование“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да воспостави напреден воспитно-образовен систем. Образованието е еден од клучните столбови на државата и има клучна улога во обликувањето на поединецот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ креира национална образовна стратегија креирана со општ консензус.
Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се грижи за сите вработени во образованието и ги покачи платите за 12 проценти.
Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.
Вработените во образованието ќе добијат од 46 до 60 проценти повисоки плати во еден мандат.
Историско зголемување на платите во образованието. Најмалку 46% до 60 проценти поголеми примања во следните четири години ќе добијат вработените во основното и средно образование.
Октомвриската плата исплатена минатата година беше повисока за пет проценти, потоа со мартовската плата 2025-та, која беше исплатена во април 2025-та седум проценти дополнително зголемување, а од март 2026-та ќе има дополнително покачување меѓу 7,5 и 10 проценти во зависност од состојбата на буџетот, март 2027-ма повторно помеѓу 7,5 и 10 проценти и март 2028-ма помеѓу 10 и 12,5 проценти.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на сеопфатно подобрување на образовната структура. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со активни политики работи на задржување на младите и реализирање на нивниот потенцијал во Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како единствена сила што ја претставува надежта, достоинството и иднината на Албанците во оваа земја“.
„На денешниот состанок беше формирано Заедничкото Претседателство на ВЛЕН, како прв орган што ќе ги координира сите политички и организациски активности на коалициско ниво.
Од денес стапува во сила мораториум на јавните активности на политичките партии учеснички во ВЛЕН, при што сите активности и настапи ќе се реализираат исклучиво под името, логото и единственото претставување на ВЛЕН.
Во наредниот период ќе се формираат и другите заеднички органи, вклучително и Раководството на ВЛЕН и Шефот на Изборниот штаб, кој ќе ја води подготовката за претстојните избори.
Пратеничката група на ВЛЕН ќе продолжи да функционира со актуелните пратеници кои го поддржуваат процесот на обединување и се посветени на јакнење на заедничкиот глас на Албанците“, велат од ВЛЕН.
Македонија
(Видео) Запален домот на Александар Пандов: Нема да не запрат и нема да не поколебаат

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот.
„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата! Домот ми беше запален, и имам основано сомневање дека станува збор за смислен атак на криминалците!
Нема да не запрат и нема да не поколебаат. Никој не е над законот! Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но ова нема да ме запре — напротив, само не зајакнува!“, напиша Пандов.
Тој додаде дека очекува институциите да го најдат и казнат сторителот.
Македонија
Милошоски: Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ за Тошковски, целта им беше лична дискредирација и злоупотреба на трагедијата

„Не помина интерпелацијата на Левица и СДСМ против МВР, Панче Тошковски. Целта им беше провидна“, напиша на социјалните мрежи Антонио Милошоски.
„Прво лична дискредитација на Тошковски, а потоа злоупотреба на семејните емоции од големата трагедија во Кочани. Манипулативни намери, наместо реални предлози и поддршка“, додаде тој.