Македонија
ПОДЕМ: Да кажеме „не“ за промена на името
Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ изразува голема загриженост по однос на продолжувањето на преговорите и договорите за името, а истовремено, велат од партијата, и загриженост за веќе недозволениот однос на нашите преговарачи кога станува збор за името Република Македонија.
„Несериозноста на преговарачите оди до таму што Заев им ги одзеде гордоста и достоинството на Македонија и македонскиот народ, ова е веќе уништување на македонскиот идентитет и изигрување на македонската историја, си дозволивме името Македонија денес да стане потсмев и неверување кај граѓаните, дека до толку несериозни можат да бидат премиерот и сите околу него, кои си дозволија како од ракав да ги извлекуваат предлозите и прифаќањето на сè и сешто, само и само да се задоволат барањата на соседна Грција“, велат од ПОДЕМ.
Од таму велат дека сите досегашни информации за името ги добиваме само од грчките медиуми, а дека Заев конечно се огласил по одржувањето на лидерската средба.
„ПОДЕМ недвосмислено повикува да не си играат со нашата држава, да не ја доведуваат до разнебитување и потсмев во светот и колку е возможно најбрзо да си се повлечат од т.н. преговори и конечно да разберат дека граѓаните не сакаат менување на уставното име. Мора да сфатат дека името на Република Македонија не е за потсмев, за со него соседите да си ја тераат водата на својата воденица. Повикуваме граѓаните на Република Македонија заедно со опозицијата, МАНУ и сите здруженија и загрижени граѓани на Р Македонија да не дозволиме и понатаму да си поигруваат со нашето уставно име и јасно да ка кажеме ‘не’за менување на уставното име Република Македонија“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

