Контакт

Македонија

Пожар избил во автомобил во кој имало тригодишно дете

Објавено пред

Пожар избил во автомобил паркиран пред сервис за возила во Тетово, во кој се наоѓало тригодишно дете. Возачот на автомобилот го паркирал возилото и го оставил да работи со цел кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете, соопшти МВР.

„Во еден момент од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот набргу се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело, освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица – Тетово. Причинета била материјална штета од 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот“, се додава во соопштението на МВР.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис зделки со Боки 13

Објавено пред

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“ запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство Венко Филипче не сакаше многу да коментира, а за средбата и проектот меѓу нив двајца и Бојан Јовановски-Боки 13 рече дека станува збор за небитни работи, бидејќи тој проект не се реализирал.

Прашањето следуваше откако во судницата Бојан Јовановски го праша што правел во неговиот дом меѓу 15 и 20 март, а Камчев рече дека бил таму зашто го викнале за одредена работа што тој ја одбил. Бизнисменот потврди дека на средбата биле присутни и Зоран Милески – Кичеец и министерот за здравство, Венко Филипче.

Камчев вели дека станувало збор за некако јавно-приватно партнерство што го смислил Бојан Јовановски и им го понудил на него и министерот Филипче, но дека проектот не држел вода.

„Небитен е проектот бидејќи Бојан Јовановски бладаше. Се што збори се глупости. Имаше идеја да прави некакви јавни-приватни партнерства и бла бла бла. Беше еден состанок од мене не потврден, исто од министерот. Беше само еден муабет“, рече кратко Камчев.

Камчев тврдеше дека Филипче не барал ништо од него на тој состанок. На инсистирање од новинарите да даде одговор на прашањето која е конекцијата меѓу него и Филипче, бизнисменот Камчев рече дека тие се пријатели и таа конекција ќе остане.

„Ако Венко Филипче барал нешто на тој состанок, да знаете, сигурно ќе беше пријавено. Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Преку 20 години. Тој работеше во нашата болница одреден период. Тој ми беше пријател и ќе ми биде пријател. Бојан Јовановски имаше идеја да се прави некое јавно-притватно партнерство за некоја болница. Ние му рековме дека тоа не држи вода, иако тој може преку некои негови врски тоа да го излобира. И тоа беше тоа на состанокот“, додаде Камчев по судењето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Штипјанец градел станбен објект на државно земјиште

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.Т.(51) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело бесправна градба.

Во текот на 2019, на катастарска парцела во Штип, пријавениот, на земјиште со правен статус во државна сопственост, противправно и без да поседува соодветно одобрение за градба од надлежен орган, вршел градежни активности – градба на станбен објект, информираат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Благајник си присвоил пари од касата на Македонска пошта

Објавено пред

Благајник во подружница на Македонска пошта во Гостивар, противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му биле доверени во службата.

Ова се случило на крајот на минатиот месец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за лице од Гостивар,  со иницијали С.Џ. на возраст од 56 години.

Против благајникот поднесена е кривична пријава за проневера во службата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“ запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство Венко Филипче не сакаше...

Македонија1 час

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија2 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија3 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија4 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија5 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија7 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет8 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет8 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет8 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет9 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија9 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет9 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија9 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа20 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија1 ден

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија1 ден

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија1 ден

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Досие